• Latest

Кои европски земји гласаа против резолуцијата за Сребреница во ОН и какви се реакциите?

May 24, 2024
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кои европски земји гласаа против резолуцијата за Сребреница во ОН и какви се реакциите?

May 24, 2024 10:12
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералното собрание на ОН вчера усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

На пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН, претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Имаше 19 против и 68 воздржани.

Подносители на Резолуцијата беа Германија и Руанда, како и 17 држави коспонзори, меѓу кои беше и Северна Македонија. Претставничката на Германија во ОН, Антје Лендертце, ја презентираше предлог-резолуција за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

– Нашата иницијатива треба да им оддаде почит на жртвите и да им даде поддршка на преживеаните. Означувањето на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на Сребреница треба да овозможи годишно одбележување на денот во ОН и да содржи јазик против негирање на геноцидот. Се шират лажни обвинувања за текстот на оваа резолуција, таа не е насочена против никого, особено не против Србија, ценета членка на организацијата, туку исклучиво против извршителите на геноцидот. Во нацрт-резолуцијата беа вклучени два амандмани, Црна Гора побара да нагласи дека одговорноста е индивидуална и не може да се однесува на ниту една етничка група, истакна Лендертце.

Во дебатата пред глсањето претседателот на Србија рече дека е извршен притисок врз многу земји членки неколку дена пред одржувањето на заседанието на Генералното собрание на ОН да гласаат за резолуцијата и дека Србија е против изгласувањето на неа.

Од европските земји, кои не ја поддржаа резолуцијата, односно гласаа против се: Србија, Русија, Белорусија и Унгарија. Воздржано гласаа: Ерменија, Кипар, Грција, Словачка и Казакстан.

Резолуцијата потсетува на пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои злосторството во Сребреница го окарактеризираа како геноцид.

Исто така, се потсетува дека во 2025 година се одбележуваат 30 години од геноцидот во Сребреница во кој во 1995 година загинаа најмалку 8.372 животи.

Ја нагласува одговорноста на државите да стават крај на неказнивоста за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права и да ги гонат одговорните за таквите дела со цел да се избегне нивно повторување и да се постигне одржлив мир, правда, вистината и помирувањето.

Во финалниот текст беа вметнати два амандмани, кои нагласуваат дека „кривичната одговорност според меѓународното право за кривичното дело геноцид не може да се примени на ниту една етничка, верска или друга заедница како целина“, како и „цврста посветеност за одржување и зајакнување на единството во разликите во Босна и Херцеговина“.

Како коспонзор на Декларацијата, Северна Македонија гласаше ЗА

Македонија има јасен став за геноцидот во Сребреница, усвоен во Собранието во 2010 година со консензус, кога беше донесена Декларацијата за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент.

Со донесувањето на декларацијата осуден е геноцидот во босанскиот град од 11. до 23 јули 1995 година, кога од страна на воените сили на босанските Срби беа убиени 8.000 муслимански цивили во Сребреница. Со донесената Декларација, исто така се предвидува и одбележување на 11 јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница со што ќе им се оддаде почит на жртвите од масакрот.

Ваквата Декларација донесена во 2010 година, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка од сите пратенички групи, јасно го одредува ставот на Македонија по прашањето за геноцидот во Сребреница, што деновиве повторно е во фокусот, откако министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Северна Македонија е коспонзор, заедно со Германија, САД и други држави, на Резолуција во Обединетите Нации за прогласување на 11-ти јули како Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

За коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, пратеникот Иван Стоиљковиќ, геноцидот во Сребреница е „некрофилски диздиленд“

БиХ ќе испрати протестни ноти до државите кои во ОН гласаа против резолуцијата

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ изјави дека БиХ ќе испрати протестни ноти до сите држави кои вчера во Генералното собрание на ОН во Њујорк гласаа против резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот

Конаковиќ оцени дека се прават обиди да се минимизира бројот на земјите кои гласаа „за“, но нагласи дека само 19 земји гласаа „против“, додавајќи: „Нам ни беше важно тој резултат да биде позитивен. Односот е 4:1 во корист на оние кои се на страната на вистината“, истакна тој.

– Сметаме дека тие што гласаа против се на страната на извршителите на воени злосторници и дека не ги почитуваат пресудите на меѓународните судови. Тоа е наша човечка обврска, рече Конаковиќ, пренесуваат сараевските медиуми.

– Од нас се очекува да имаме единствен став во БиХ со оние за кои се носи резолуцијата, вели министерот, додавајќи дека гласањето за резолуцијата „не е никаква победа ниту натпревар, туку борба да се позиционира вистината како што заслужува“.

– Многу ни е важно што денеска не слушнавме никој да зборува против фактите освен (претседателот на Србија, Александар) Вучиќ и дека „важно е што целиот регион, освен Србија, беше на вистинската страна, истакна Конаковиќ.

Тој оцени дека Вучиќ бил „агресивен“ и дека „успеа да ги минимизира и големите светски сили“, што, според него, ќе има последици за кои Вучиќ ќе мора да одговара пред сè на јавноста во Србија.

Конаковиќ ги повика „соседите да ги смират страстите“ и да се „вратат на секојдневните проблеми кои ги имаат нашите земји. Мораме сите заедно да продолжиме по патот кон ЕУ.“

– Знаеме дека бројни земји во регионот беа под притисок, но покажаа храброст. Тоа никогаш нема да го заборавиме, потенцираше шефот на дипломатијата.

Изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за „мирно разидување“ во БиХ, Конаковиќ ја нарече бесмислена и додаде дека „нашите институции ефикасно ќе одговорат на сите кои ќе работат на дестабилизација“.

Реакции во Србија по усвојувањето на Резолуцијта за геноцид во Сребреница

Граѓаните на Србија имаа можност преку јавните ТВ сервиси и порталите директно да ја следат седницата на ГС на ОН на која беше изгласана резолуцијата-Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, а во дебатните емисии по тој повод имаше и првични реакции.

Како што јави дописникот на МИА, провладините медиуми и порталите одат со наслови во кои се релатизивира нејзиното усвојување, па така Политика во насловот „Мнозинството земји-членки на Обединетите нации не ја поддржаа резолуцијата за Сребреница“ пишува дека „резолуцијата за Сребреница беше усвоена со 84 гласа „за“, од вкупно 193 земји членки на Обединетите нации, така што повеќето земји-членки на ОН не ја поддржаа резолуцијата за Сребреница“. Курир оди со текстот за тоа кои се вистинскте пријатели на Србија „Еве кои 18 земји гласаа против срамната резолуција за Сребреница“.

Најголемиот број фотографии во медиумите беа со претседателот Александар Вучиќ кој беше завиткан со срспко знаме додека седеше во салата каде се одржуваше седницта на ГС на ОН, по што Блиц објави фотографија со текст „Вака членовите на Владата на Србија го следеа гласањето на Резолуцијата за Сребреница“ на која се гледаат министрите Синиша Мали, Ивица Дачиќ и други на чело со премиерот Милош Вучевиќ обвиткани со српски знамиња.

-Слогата ќе биде пораз за ѓаволот! Секогаш слободни и никогаш поразени! Поддршка за претседателот Вучиќ во безмилосната борба за нашиот народ и држава! Да живеат Србија и Српска засекогаш!, напиша премиерот Милош Вучевиќ на својот Инстаграм профил.

Медиумите пренесуваат и за протестот пред владата во Подгорица поради гласањето на Црна Гора за резолуцијта за геноцид во Сребреница.

Се пренесуваат и ракциите од Република Српска, па така Танјуг го цитира Претседателот на Република Српска Милорад Додик кој изјави дека, „што се однесува до демократскиот свет и она што тие не учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН, туку пропаднала“.

-На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту над половично мнозинство“, нагласи Додик и посочи дека пропаднал нивниот неуспешен план да ги обвинат Србите дека се геноцидна нација.

И додека провладините медиуми имаат текстови во насока дека се работи за „лажна резолуција“, опозициските медиуми даваат податоци дека „никаде не се наведуваат Србите како генициден народ“ и во целина го објавуваат текстот на Резолуцијата.

Според Европската Унија, Сребреница е една од најтемните страници на европската историја

Геноцидот во Сребреница е една од најтемните страници на европската историја и Европа се сеќава на својата одговорност и неуспехот да ги заштити жртвите, во заедничката изјава минатата година нагласија високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Пред 28 години беше напишана една од најтемните страници на европската историја. Ја споделуваме тагата и болката на семејствата и пријателите на жртвите и луѓето кои го преживеаја геноцидот во Сребреница, рекоа двајца европски претставници.

Масовна гробница на босанските жртви во Сребреница

Во Сребреница беа убиени над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години

Во периодот од 11 до 23 јули 1995 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Поради злосторствата во Сребреница до сега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни, меѓу кои и за Младиќ, чија пресуда не е правосилна и за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.

Ј. Ѓорѓиоски/Frontline

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Хаотично заебавање

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ