Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас ги почнаа разговорите во Министерството за надворешни работи, на кои се очекува да ги разгледаат позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името.
По средбата и пленарни разговори меѓу македонската и грчката делегација Димитров и Коѕијас ќе одржат заедничка прес-конференција.
Се очекува Коѕијас да се сретне Талат Џафери, претседтаел на Собранието, премиерот Зоран Заев, како и со заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.
ЦМ