• Latest
Добро утро со Орданоски

Кој ќе го наследи Заев во СДСМ?

November 23, 2021

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кој ќе го наследи Заев во СДСМ?

Не само кај политичките противници во другите партии, туку и меѓу самите содијалдемократи има важни кругови и поединци кои се чувствуваат како губитници, по разни основи, во осумгодишниот партиски претседателски мандат на Заев

November 23, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Според сите најави, денеска пред Централниот и Извршниот одбор на СДСМ претседателот на владејачката партија ќе поднесе оставка. Тоа ќе ја активира статутарната постапка за избор на нов претседател – а новоизбраниот тој/таа ги предлага другите високи функционери во партијата, а дополнително ги гласа тамошниот Централен одбор. Како што е познато, по промените минатата година, и изборот на следниот лидер/ка на СДСМ ќе се спроведува со општо гласање на сите членови на оваа партија, со директен избор за некој од оние кои ќе се кандидираат. И таа (револуционерна, а и уникатна, за наши прилики) демократска можност ја воведе токму Заев, кој сега самоволно се повлекува од функцијата.

Сите ламентирања и сеирења околу одлуката на Заев за поднесувањето оставки се веќе добро познати и не вреди наново да се анализираат. И тоа – оставките по загубени, макар и локални, избори – го вбројуваат Заев во ретката сорта македонски политичари, од сега па до „крајот на историјата“. Како што ќе поминуваат годините, ќе се заборават сите актуелни контроверзии, малограѓански ситења, меѓупартиски злоби и општ говор на омраза, а местото на Заев, во една објективизирана, од потребната временска дистанца оценета историска улога, склон сум да мислам дека ќе добие само на поголем квалитет, а не обратно. Што и да мислите за него, човекот, де факто, „своерачно“ ја подигна „летвичката“ барем на дискусијата за лидерството многу повисоко од депресивниот просек на овдешната политика.

Кога си заминува бележит лидер од која било национална политичка сцена (на памет ми доаѓаат Блер, Меркел, Обама итн., иако веќе ги предвидувам зајадливите коментари заради оваа споредба на некогашниот струмички градоначалник со светскиве лидери!), прашањето за тоа кој ќе ги наследи ја надминува внатрепартиската анализа за „бројот на чевлите“ што ќе треба да го пополни новоизбраниот предводник на социјалдемократите.

Суштината на македонскиот мултиетнички, мултикултурен, компликуван меѓународен контекст, но и внатрешно-политички коалициски систем на владеење претпоставува партиски лидери со поголеми општествено-политички познавања, отколку бизнис-менаџмент квалитети. Овдека и во догледна иднина за тоа кој ќе дојде на власт нема да решаваат предлозите за рамните или прогресивните даночни стапки, брзината на „дигитализација“ на општеството или, дури, ни стапката за предвиден економски раст, туку чувството за „средниот пат“ по кој може да се движи државата и вештината за правење политички и кадровски компромиси помеѓу разните, реално можни, партнери во власта. Блокирањето на евро-интегративната перспектива на државата само уште повеќе го нагласува тој пристап во нашата политика.

Овие околности би требало да бидат во фокусот на „одмерувањето на силите“ меѓу партиските кандидати амбицирани да го наследат Заев. Излишно е и да се разговара за другите важни и подразбирливи карактеристики на новиот лидер, какви што се оние од регистарот на антикорупциските или личните професионални искуства и квалификации.

Но, и СДСМ, како и сите поголеми партии, има свои внатрепартиски кадровски „кујни“ и лобија, разни струи чии политички и материјални интереси се врзани за профилот и личноста на лидерот. Не само кај политичките противници во другите партии, туку и меѓу самите социјалдемократи има важни кругови и поединци кои се чувствуваат како губитници, по разни основи, во осумгодишниот партиски претседателски мандат на Заев. Дотолку повеќе што партијата е (сѐ уште) на власт, а претпоставката е дека и новиот партиски лидер ќе биде следниот мандатар на владата.

Со кого и да разговарате деновиве, дури и неофицијално, сите се прилично воздржани во спомнувањето имиња за можниот наследник на Заев. Во моментов, не може да се идентификува личност која има реална „предност“ и во претпоставените кандидатури, па дури ни меѓу најблиските соработници на Заев. Напразно е, барем уште некој ден, да се спомнуваат конкретни имиња, бидејќи сите бираат јавна воздржаност и извесно „продавање магла“ кога ќе ги прашате за личните лидерски амбиции.

Сепак, збирната карактеристика на имињата што се вртат низ „чаршијата“ е дека се тоа релативно млади луѓе, речиси сите мажи, главно правници или бизнис-менаџери, без преголем политички опит во барем две-три поважни општествени области – нивните поединечни „секторски“ квалитети, па и умствени капацитети не се спорни; проблем е што не може однапред да им се проценат слабостите за водење сеопфатна политика според општествено-политичката формула неопходна за раководење со државата.

Но, во политиката, како и во сите други сфери во животот, успешните лидери повеќе се резултат на личниот карактер и моралниот интегритет, отколку на експертизата за одредена област на работа. Експертизата може да се надополни со квалитетот на избраниот круг од соработници, а недостатокот од карактер нема замена.

Можеби е тоа врвниот критериум според кој ќе треба да се водат партиските гласачи во СДСМ кога, наскоро, ќе гласаат за својот нов лидер. Впрочем, немаше ни Заев блескави експертски квалификации, па во исклучително компликувани политички и историски околности, како резултат на својот цврст карактер, постигна повеќе одошто сите се надеваа. Истото важи за Груевски, што и да мислите за него. Дури и кај Мицкоски е очигледен големиот напор во последните месеци да го претстави својот карактер во поинаква светлина од онаа на којашто навикнавме во годините пред тоа.

Без грижа, ловот на „подвижните лидерски мети“ во СДСМ веќе неделава ќе биде отворен, со имиња и презимиња, во сета своја колоритност и безмилосност каква што ѝ доликува на македонската политичка и политикантска заедница. Забавата е загарантирана барем толку колку што е неизвесен резултатот од неа.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ