• Latest

Која е Карен Мекдугал „втората жена“ во случајот Трамп?

April 5, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Која е Карен Мекдугал „втората жена“ во случајот Трамп?

April 5, 2023 17:50
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот против Доналд Трамп е фокусиран на исплатата на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Но, обвинителот спомна и друга жена. Според основните документи, во име на Трамп била извршена исплата на „Жена 1“ – за која доказите сугерираат дека е Карен Мекдугал, пишува Би-Би-Си.

 

Мекдугал е поранешен модел на Плејбој и, како и Сторми Даниелс, тврдеше дека имала афера со Трамп.

Таа рече дека аферата траела 10 месеци. Трамп негираше дека тоа некогаш се случило.

Која е Карен Мекдугал?

Што знаеме за Карен Мекдугал и како таа е вклучена во овој случај.

Родена во Гери, Индијана, пред да се пресели во Мичиген како дете, Мекдугал најпрво почнала да се занимава со манекенство на натпревари за костими за капење во нејзините 20-ти.

Таа се приклучила на Плејбој каде што ја освоила наградата за „Playmate of the Year“ во 1998 година и бела избрана за „Playmate of the 90’s“, втора по Памела Андерсон.

Хју Хефнер од Плејбој со Карен Мекдугал во вилата на Плејбој во Беверли Хилс во 1998 година

Подоцна работела како фитнес модел, станувајќи првата жена што се појавила на насловната страница на магазинот Men’s Fitness во 1999 година.

Мекдугал го запознава Трамп

Во 2006 година, списанието New Yorker објави дека според Мекдугал, таа го запознала Трамп во замокот Плејбој во Лос Анџелес, каде што тој снимал епизода од „The Apprentice“.

Таа подоцна напиша дека Трамп, кој во тоа време беше оженет, „веднаш му се допаднав, продолжи да зборува со мене – ми кажуваше колку сум убава, итн“.

Мекдугал тврди дека таа и Трамп имале 10-месечна врска и се гледале „минимум пет пати месечно“. Таа за Си-Ен-Ен ја опиша врската како љубовна и консензуална.

Во 2016 година, во пресрет на претседателските избори, Мекдугал потпишала договор вреден 150.000 долари (106.000 фунти) за да ја раскаже својата приказна исклучиво за таблоидниот весник National Enquirer.

Договорот и забрани да зборува јавно за наводната афера.

Доналд Трамп и Карен Мекдугал. Фото: Твитер

Сепак, написот никогаш не беше објавен и Мекдугал инсистира дека била измамена да молчи за врската.

Купувањето приказна намерно за потоа да се закопа е познато како „catch and kill“ – а National Enquirer, наводно, го направил тоа за да ги потисне негативните приказни за Доналд Трамп.

Во 2021 година, американската Федерална изборна комисија, која е задолжена за спроведување на законот за финансирање на кампањата, утврди дека издавачот на National Enquirer ги прекршил изборните закони со тоа што плаќал за правата на приказната на Мекдугал и никогаш не ја објавувал.

Откри дека парите, кои и биле исплатени на Мекдугал за време на претседателските избори во 2016 година, биле незаконски придонес во кампањата. National Enquirer беше казнет со 187.500 долари (132.000 фунти).

Според нејзината веб-страница, Мекдугал сега се опишува себеси како модел, колумнист, застапник и портпарол.

Таа се нарекува себеси застапник за поголема свест за „болест со имплант на гради“, велејќи дека нејзините импланти на градите ја разболеле. Карен Мекдугал ги отстранила имплантите во 2017 година.

Во 2018 година, таа јавно и се извини на сопругата на Трамп, Меланија, за наводната афера, велејќи: „Жал ми е. Не би сакала тоа да ми се случи мене“.

„Кога ќе погледнам назад, каде бев тогаш, знам дека не е во ред“, рече таа. „Навистина ми е жал поради тоа. Знам дека тоа е погрешна работа, рече Мекдугал.

Доналд Трамп отсекогаш негираше дека имал афера со Карен Мекдугал

Обвинението со кое се соочува Трамп е единствено насочено кон исплата на премолчени пари на Сторми Даниелс.

Деталите во врска со Мекдугал се содржани во изјавата за фактите на окружниот обвинител, која е дадена како позадинска информација за случајот.

Доналд Трамп се изјасни дека не е виновен по сите точки од обвинението.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е и официјално уапсен

Ова е преседан во американската историја, бидејќи за првпат некој поранешен американски претседател е уапсен за сторено кривично дело.

Како што пренесува Скај њуз, на Трамп не му биле ставени лисици на рацете по барање на неговата придружба од тајната служба.

Трамп се соочува со 34 точки од обвинението во врска со измамата околу тајните пари што тој наводно ги платил за прикривање на вонбрачни афери. Трамп е обвинет дека и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нејзината врска со него пред неговата претседателска кандидатура во 2016 година.

Подготви: Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн

Tags: Доналд ТрампКарен Мекдугал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ