• Latest

Колку мобилни и по која цена се набавени во ДИК?

November 9, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Колку мобилни и по која цена се набавени во ДИК?

November 9, 2017 11:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку дена пред вториот круг на локалните избори, дојдов до информации за трошењето на јавните пари во Државната изборна комисија. Информациите непријатно ме изненадија. Откако ги споделив со тимот, падна решение да побараме одговор според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Пишува: Џабир Дерала

Прашањата кои ги поставивме се однесуваа на шест области на трошење за 2016 и 2017 година. Така, побаравме документација за повик, одлуки или договори за видот  и вредноста на јавните набавки, поврзани со набавка на комуникациска опрема (телефони, мобилни телефони и друго) од буџетот на ДИК. Исто така, побаравме список со имиња и информација за висината на поединечните месечни примања на членовите на Државната изборна комисија, (9-те члена, вклучително и Претседателот и неговиот заменик), но и информација за висината на поединечно исплатените награди, односно хонорари или бонуси за нив.

Секако, сметавме дека е потребно јавноста да знае и за висината на поединечно исплатените надоместоци за трошоци за патување, репрезентација и прекувремено работење.

Не верував дека одговорот ќе дојде толку брзо, особено затоа што прашањата, сепак, бараат малку копање по документација. Но, одговорот пристигна за десетина дена и гласеше: „Побараните информации во барањето не се од јавен карактер и од тие причини истите не можеме да Ви ги доставиме во начин и форма  во кои ги побарувате“. Хм.

Јавноста и експертите нека проценат дали побараните информации (не) се од јавен карактер. Дали треба да знаеме по која цена се набавени мобилните телефони? Колкави бонуси се исплатени? И сето тоа пред одржувањето на изборите. Како да било повеќе од извесно дека ДИК ќе ја заврши работата беспрекорно, па однапред заслужува мобилни, бонуси и разни други исплати, како дополнување на платите кои, ете, не биле податоци од јавен карактер.

Секако, Државниот завод за ревизија би требало да биде во состојба да побара одговор на овие прашања. Можеби ДЗР ќе биде доблесно и ќе се придржува до законите и ќе ги сподели тие информации со нас.

Инаку, од тоа што можам да забележам од снимките и фотографиите, мобилните телефони ми изгледаат прилично скапи. Мислам дека на пазарот се околу 900 евра. Десетте општини чии сметки беа блокирани и не можеа да ги спроведат изборите, добија „великодушна“ помош од ДИК во вредност од 9.000 евра. Значи, во просек колку еден мобилен телефон за членовите на ДИК.

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (10/11/2017)

Tags: бонусиДИКизборијавни информациијавни набавкимобилни телефонипристапслужбени патувања
Share111TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ