• Latest
Џабир Дерала

Колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски. И обратно.

June 11, 2022
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски. И обратно.

Пропагандните спотови на ВМРО-ДПМНЕ целосно и точно ги отсликуваат погледот на светот и политичкиот концепт на Мицкоски и неговата партија.

June 11, 2022 10:03
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Го гледам спотот на ВМРО-ДПМНЕ и се мислам дали да го коментирам. Поведението и јавните пораки од Белата палата се толку одлепени, што прашање на добриот вкус е дали да воопшто да се коментираат. Ништо ново, ќе речете и ќе бидете во право. Сепак, со оглед на потенцијалот (и парите) за предизвикување неволји што го имаат, треба да се обелодени вистинската природа на пораките од пропагандната кујна во Белата палата.

Конфузна идеолошка матрица

Да, Мицкоски се појави во уште еден здодевен, мрачен и празен спот на ВМРО-ДПМНЕ. Единствениот квалитет на пропагандните спотови на ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што целосно и точно ги отсликуваат светогледот и политичкиот концепт на Мицкоски и неговата партија (добро, таа е првенствено сопственост на Груевски).

Сè заедно – уште една хорор видео приказна што се наоѓа само во главите на Мицкоски, неговиот шеф од Будимпешта и нивните слепи следбеници. Беа и останаа задоени со децениска омраза кон сè што не е дел од нивната, колку деструктивна, толку и грозничаво конфузна, идеолошка матрица. За нив сѐ е „загубена надеж, изневерени очекувања, разочарувања и национални предавства“ како што вели Мицкоски и во најновиот спот. Класика!

Содржината и пораките во спотот се, најблаго речено, инфантилни. Но Мицкоски е упорит. Од авион може да се види неговата несигурност, дури и во високоорганизиран видео производ како што е пропаганден спот. Ниту тој, ниту највисоките партиски ешалони не веруваат во тоа што го пропагираат, а и меѓу следбениците расте сомнежот во тврдењата и пораките од партискиот врв.

Кредибилитет? Немет. 

Дури и да е вистина (а не е) сè што тврди Мицкоски во спотот, последен кој за тоа може да зборува е самиот тој. Едноставно, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет. Тие не можат да бараат промени, туку само враќање назад во времето на нивното неславно владеење 2006-2016 година и сè што направија во годините потоа.

Еден јасен став не слушнавме од Мицкоски и од неговите претходници. Пандемијата (кафана и теретана), вакцинацијата (протестираа и палеа маски), Преспанскиот процес (се криеја зад „Бојкотирам“), Стратегијата Едно општество за сите (директно спротивна на нивниот ултранационализам), НАТО (направија сѐ да го блокираат зачленувањето), руската крвава агресија (ни збор)… Додека Македонија јури кон Европа, Мицкоски и сличните на него чучат со спуштени панталони крај шините.

Проблем со реалноста

Реалноста отсекогаш била проблем за ВМРО-ДПМНЕ. Тие, особено нивниот шеф, живеат во сопствен свет на кошмарни соништа. Нивната грозничава жед за власт е толку очигледна, а сè друго е празно и шупливо, што човек не може да не се насмее, макар и горчливо. Што и да им каже или нацрта човек, едноставно, фактите на реалноста не допираат до нив.

Периодот откако паднаа од власт, се опишува со неколку реда. Крвавиот Четврток (27 април 2017 година), работата на нивните министри и заменици за време на пржинската влада во 2020 година, пехот на нивната Данела во главниот град, бојкоти, блокади и скандали… Листата е долга, но добро позната. Беа против сите, буквално против сите (!), процеси и одлуки што го кренаа македонското општество и институциите од мртвите. Државата се ослободуваше и сè уште се ослободува од режимот на ВМРО-ДПМНЕ, од никој друг.

Ако бевме познати по нешто за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, тоа беа изборните кражби, автократското владеење, медиумскиот мрак, структурното насилство, грабежот и антизападната ориентација. Откако ја изгубија власта, претрпеа четири изборни порази, а имаа една изборна победа (локалните), за која, повторно, повеќе се заслужни други, а не самата партија. И која (чест на малкуте исклучоци) ја искористија за партијата и за своите блиски, а не за граѓан(к)ите.

Без став… Секогаш!

Со ниту една единствена постапка, па дури ни со изјава, не покажаа дека имаат став за ниту едно прашање, во ниту еден процес. Не помогнаа во ниту една неволја со која се соочуваше Македонија во изминатиот период, од нивниот пад па наваму. Напротив, со сила тргнаа на парламентот, бојкотираа и блокираа сè што беше важно за националните интереси, за стабилноста, мирот и безбедноста на земјата. Па дури ни во тоа не беа целосно доследни, туку неволно легнуваа на брашното, за миг (гласаа во парламентот), за потоа веднаш да продолжат со своето мрачно поведение.

Во спотот, Мицкоски, во стил на четвртоодделенец „дефинира“ дека „нормалниот живот станува луксуз“ и дека поскапувањата се последица од „неспособноста на тие кои ја водат земјата“. Политичарот кој се „прослави“ како поранешен советник за енергетика на Груевски и сопственик на хидроцентрали, го слуша „крикот“ на тие што не можат да платат струја. Безмалку, Мицкоски во спотот (и постојано), како да сака да каже дека растот на цените на горивата и на другите производи и услуги во Европа и низ светот се должи на работата на македонската влада.

Одговорност… Немет!

Сериозно? Со милионите евра кои партијата ги добива од државниот буџет, пари на граѓанките и граѓаните, Мицкоски мора да покаже барем малку повеќе одговорност и грижа за состојбите, да покаже дека ги разбира околностите, состојбите и процесите. Зошто ги добива парите, ако не затоа што и тој и неговата партија имаат улога и одговорност во политичкиот систем на државата? Но наместо одговорност и учество во креирањето на политиките и националните стратегии, тие блокираат и мразат. И толку. Приказната завршува пред и да започне, бидејќи е поврзана само со личните апетити и фрустрации.

Мицкоски повикува „да не ја пропуштиме оваа шанса за вистинска пресвртница и спас на државата од сигурна пропаст“. Несериозно. Овде, евентуално, може да е пригоден речникот од еден ТВ настап на актерот Кили, повеќе и не заслужува. Дури и дел хард-кор вмровците ја напуштаат својата навика спремно да зинат, да го „лапнат блинкерот“ и куку-леле пораките на Мицкоски, Груевски и нивната братија.

Зошто толку му се брза на Мицкоски?

Но да бидеме посериозни. Зошто толку му се брза на Мицкоски да оди на избори? Повеќето на ова прашање ќе одговорат дека тој страда од неугаслива жед за власт и ќе бидат во право. Но тоа не е целосниот одговор. Мицкоски и тие околу него, добро знаат колку предвремените избори се неизвесни по него и партијата. За него е подобро да оди на предвремени избори, па и по цена да изгуби. Зошто? Купува време. Предвремени избори значат и политичка криза и општа нестабилност на земјата, најмалку до крајот на годината, а тоа е секогаш добро за такви ликови во политиката. Што полошо, тоа подобро, нели?

Ваквото ВМРО-ДПМНЕ, со Мицкоски на чело, полека, но сигурно, го губи тлото под нозете. Дури и најнаивните сфаќаат дека блокадите не само што не им носат ништо добро ним и на партијата, туку целата земја ја туркаат во неизвесност. Можеби погрешно го сфаќаат патриотизмот, но тоа не значи дека не ја сакаат својата земја. Затоа, не можат да ја поддржат политиката на Мицкоски, колку и да ја сакаат својата партија. Попрво ќе ја пуштат низ вода партијата, отколку својата земја.

Стаса сметката

ЕУ подразбира владеење на правото, транспарентност, добрососедски односи, борба против организираниот криминал, човекови права… Владата на Зоран Заев, а сега и на Димитар Ковачевски, со сите поголеми и помали слабости, успева (некако) да се соочи со сите предизвици, во услови на две години пандемија и сега војна во Европа. Се донесоа големи и тешки одлуки, без претерување – историски (според ВМРО-ДПМНЕ, предавнички).

Во меѓувреме, стаса сметката. Ете, уште една причина за Мицкоски да брза на предвремени избори (макар и крајно неизвесни за него). Гледа како се наплаќа сметката за тешките криминали што ги изврши неговата партија за време на режимот на Груевски, каде што и самиот беше еден од протагонистите. Се соочува со конфискација на имотот на партијата, а дел од највисоките партиски функционери, сосе Груевски во бегство, се на обвинителната клупа или веќе издржуваат затворски казни. Со предвремени избори, политичка криза, блокади и протести може да се надева на застарување на „фактурата“ или барем на „одложено плаќање“.

Правда ќе има!

„Нема веќе тефтерчиња, а тие што се виновни за старите тефтери, ќе одговараат! … Правда ќе има!“ – извика Заев во еден од своите најзначајни говори на домашната политичка сцена, на граѓанскиот марш Чекориме за правда (17 февруари 2020 година).

Секогаш кога ќе видам пресуда со која криминалците на високи позиции (Јанкулоска, Јанакиески…), вклучително и оние од редовите на СДСМ (Рашковски, Зекири…), ми текнува на тој говор. Судиите и обвинителите, ослободени, дојдоа по тие што го чуваа правосудството притиснато меѓу кориците на партиските тефтерчиња.

Немам илузии. Секогаш кога ќе видам ослободителна пресуда, макар и да е платена со милионски суми во евра (проработе бројчаникот), како оние за Камчев, Мијалков и сличните, повторно ми текнува на тој говор и сфаќам дека патот е комплициран, долг и тежок. И сето време имам на ум дека на изборите во 2016 година, коалицијата на СДСМ доби два пратеника помалку, а во 2020, два повеќе. Тоа е реалноста.

Мицкоски слуша само крикови, гледа само страдања, мрак и предавства

Со тенко мнозинство, под пропагандна канонада и насилство дома и хибридна војна од надвор, прогресивните политички сили во земјата ја приближија земјата до ЕУ поблиску од кога и да е порано. Надминавме децениски спор, македонскиот јазик и идентитет се утврдија засекогаш, државата и општеството се ослободуваат од авторитарните стеги, а криминалците веќе не спијат мирно.

И станавме членка на НАТО. По руската злосторничка агресија, стана повеќе од очигледно дека тоа е чекор со непроценлива вредност за земјата. Добиваме признанија од целиот свет. Никој не ни ги должи, ги добиваме поради реални промени. Неретко, тие промени предизвикуваат болка, но на долги патеки носат стабилност и благосостојба.

Од отепани и изолирани, станавме земја-лидер и пример во регионот и многу пошироко. Земјата на уплашени и замолкнати, стана земја на слободни и гласни луѓе. Наместо поделби, омраза и насилство, се гради доверба, еднаквост и единство. Од буре барут, го трансформираме Балканот во успешна приказна.

А Мицкоски? Тој слуша само крикови, гледа само страдања, мрак и предавства. Да не може човек да му се изначуди.

Но! Колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски. И обратно.

Земјотрес

Ајде да заклучиме. Кампањата на Мицкоски доаѓа осум месеци по преземањето на власта во педесетина општини, што беше доволно неговата партија да се покаже во своето вистинско светло. Со Зоран-ние-сме-лудаци-Ставрески како контролор на работата на вмровските градоначалници. Се спрема (нов) внатрепартиски и коалициски земјотрес, најнепријатен од сите досега.

„Ами, се тресе… Сега е крајно време да се разграби што останало, пред да тропнат извршителите на вратата“ – иронично ми одговори еден разочаран партиски ветеран на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашав дали Белата палата се тресе.

Меѓу останатите лоши вести за Белата палата е и онаа за Стевчо Јакимовски кој „громогласно“ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Многу помалку се значајни, но може да се споменат и конкурентите од Левица, кои срамежливо излегуваат од дремката предизвикана од лоша руска вотка и дополнително им го ронат рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и ноторните вмровски пропагандисти на Инфомакс почнаа партијата да ја нарекуваат „дувло“ (им доцни уплатата, што ли?).

Нема сомнеж, Мицкоски ќе ја гледа конфискацијата на Белата палата (дувлото) од надвор. Ако не и од внатре, ама во друга институција.

Значи, спотот не го бива. И сѐ што е поврзано со него.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕМицкоскипропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ