• Latest
Џабир Дерала

Мицкоски не може да биде како Заев, одамна ги прокоцка сите шанси

November 6, 2021

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Мицкоски не може да биде како Заев, одамна ги прокоцка сите шанси

Мицкоски, ни по толку изборни порази, катастрофални политички потези и неуспеси, цитиран во меѓународни извештаи како извор на дезинформации, политичар од подрумот на историјата, не даде оставка. Ако сега даде оставка, дали тоа ќе го направи подоблесен во очите на јавноста? Не. Тој безброј пати ја пропушти можноста да покаже доблест и морал

November 6, 2021 22:37
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Гледам, деновиве во интернет медиумите и на социјалните мрежи, се одвива жива дебата со прашања за моралот, доследноста, интегритетот на… хм… политичарите. Се направија безброј компарации, анализи, прогнози и што-ќе-беше-да-беше… Се разбира, сето тоа придружено со бескрајниот шум на пропагандата за која слушаме дека била платена со вртоглави суми. Но тоа е нешто налик на белата врева (white noise) на која се навикнува човек, па дури може да му помогне и да заспие полесно (црн хумор).

Луѓето често бараат доблести таму каде што ги нема

Деновиве, прочитав и неколку одлични твитови, меѓу кои еден и од профилот „Вивиана“ кој го пренесоа повеќе портали. Еве го мојот скромен придонес кон оваа дебата околу интегритетот и моралот на некои политичари. И да не се лажеме, држам до тоа што го напишав веднаш по оставката на Зоран Заев, нека е тоа оценето од моите пријатели и како импулсивна реакција.

Луѓето често ги бараат доблестите таму каде што ги нема. Така и во овој случај. Прашањето е дали Мицкоски ќе ја има доблеста и моралната големина да даде оставка од партиската функција ако не успее да формира парламентарно мнозинство, со што ќе му се отвори можноста да формира влада. И се споредува со постапката на Зоран Заев.

Заев – Мицкоски: Непристојна споредба

Споредбата, дозволете да бидам директен, е лоша, би рекол, дури и апсурдна. Се работи за две спротивни сфаќања за тоа што е политика. Од едната страна се наоѓа деструкција и гола борба за власт, неугаслива жед за власт од лични и ниски побуди и мотиви. Од другата страна е сѐ друго, само не тоа (да не влегуваме во посебни описи и дефиниции, да не се возбудат Твитер „мудреците“).

Едноставно, неоправдано, па и непристојно и навредливо (кон Заев) е да се очекува од Мицкоски да покаже таков морал и интегритет, да понесе одговорност, па дури и да претера во тоа, како што премиерот во оставка го направи тоа. И тоа не еднаш.

Со спуштени панталони покрај шините

Ми текнува, кога во парламентот се гласаше за НАТО, Мицкоски не ја напушти пленарната сала во парламентот, но и не аплаудираше. Наместо тоа, се занимаваше со панталоните, му беа малку паднати, па ги поткрена неколку пати додека траеше аплаузот.

Така отприлика може да се опише сѐ што прави во политиката. Расипува и блокира колку што може, а кога брзиот воз на националните интереси го „шишнува“ со полна брзина, тој останува, со кренат нос и спуштени панталони покрај шините.

Политичар од подрумот на историјата

И сега, по некои десетина јавно искажани „гаранции“ дека е на прагот на формирање парламентарно мнозинство, тој можеби е најблиску до тоа, но ситуацијата не е ни оддалеку толку убедлива како што се чини на прв поглед. И нема зошто да се очекува дека ќе даде оставка ако не му успее ниту овој, 10-ти, 12-ти, не знам кој по ред, обид да ја залаже јавноста, а веројатно и себеси, дека е чекор поблиску до власта. Навистина, не треба ни да се бара, а уште помалку да се очекува од него да покаже морал.

Мицкоски, ни по толку изборни порази, катастрофални политички потези и неуспеси, цитиран во меѓународни извештаи како извор на дезинформации, политичар од подрумот на историјата, не даде оставка, а ниту еднаш и не покажа дека има таква намера. Ако сега даде оставка, дали тоа ќе го направи подоблесен во очите на јавноста? Не. Тој безброј пати ја пропушти можноста да покаже доблест и морал. Нема потреба сега да го менува курсот. Освен ако не сака да добие комплименти дека постапил морално со тоа што го следел примерот на Зоран Заев. Што би било крајно погрешна споредба.

И онака неговите приказни за мали деца не траат подолго од еден ден, а многу често и само по неколку минути. Доволно е среќен што живее во време кога се носеа историски одлуки, а тој ѕиркаше од својот подрум со чкртање на забите.

 


Текстот е личен став на Авторот. Creative Commons 4.0 (слободно преземање, со наведување на изворот и линкот)

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ