Македонски средношколски тимови по математика и физика покренаа кампања за донација за нивно учество на интернационален натпревар по математика кој ќе се одржи во јули во Романија и по физика кој ќе се одржи во Португалија.
„Ние веруваме дека добросостојбата на општеството може да се постигне само преку постојано учење и образование. Вашата донација и поддршка ќе им помогне на македонските тимови да ги добијат потребните средства за такса за регистрација и за транспортни трошоци“, стои во повикот.
Додека граѓанките и граѓаните се мобилизираат за да се соберат потребните средства, државата молчи. Институциите ги нема никаде.
Ги повикуваме институциите веднаш да одговорат на повикот на учениците и онака како што знаат да бидат сложни околку своите патни трошоци, да изнајдат начин да им помогнат на овие деца да ги остварат своите визии.
Борбата за задржување на младите во земјава започнете ја овде и сега!
Сите останати може да донираат на следниот линк.
Маја Ивановска