• Latest

Колку цркви, толку обичаи за Водици

January 19, 2022

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Колку цркви, толку обичаи за Водици

Според верувањата и обичаите, на Ноќ спроти водици се отвора небото и ако се посака желба, истата ќе се оствари, а сите немажени девојки на овој празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат. Исто така се верува дека девојките треба да замесат тесто, да одвојат 4 топчиња, и во нив да ги стават имињата на симпатиите, а едно да остане празно. Топчињата се ставаат во врела вода, и првото што ќе исплива на површина ја претскажува судбината.

January 19, 2022 15:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, со кој го одбележуваат божјото спасение или божјото привидение за спас на луѓето. Овиј празник се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Црковното чествување на овој празник е врзано со крштението на Исус Христос од свети Јован Крстител во водите на Јордан. По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжува вековната традиција на положување на крстот во осветените води.

Централните манифестации на положување на светиот крст во осветените води се одржуваат во Скопје, со положување на светиот крст во водите на реката Вардар, и во Охрид, каде крстот се положува во водите на Охридското езеро, за потоа голем број вернци да влезат во ладната вода во потрага по Светиот крст. Најсреќниот, или најумешниот од нив, кој ќе успее прв да стигне до крстот, го очекува благослов, здравје и среќа, како и повеќе подароци, кои црквата ги обезбедува од донатори, а потоа, според обичајот, ксметлијата со крстот оди од врата до врата, и собира пари и дарови од домаќините.

Чинот на положување на крстот се одвива во сите караишта и скоро во сите православни цркви низ земјата. Колку цркви, толку обичаи. Од МПЦ ОА, за ЦИВИЛ Медиа рекоа дека секоја црква се раководи според локалните обичаи, и нема унифицирани правила околу тоа кај кого ќе остане крстот по вадењето од осветените води, дали тој што ќе го фати крстот ќе го врати во црква, ќе го чува (за здравје и бериќет) во својот дом до следните Водици, или ќе му остане во трајна сопственост, одредува секоја црква посебно.

И формата и изработката на светиот крст варира од црква до црква, важно е само да е од дрво.

Освен црковното значење, за овој празник се врзани повеќе народни верувања и обичаи. Дванаесетте дена од Божиќ до Водици кај верниците се познати како „некрстени“ или „погани“, според верувањата тогаш на земјата шетаат разни демони, и затоа периодот на зимски празнувања завршува со празникот Водици, чиј главен симбол е водата и нејзината прочистувачка моќ. Се верува дека ритуалното потопување на телото во вода има исцелителна моќ и симболизира повторно раѓање, што во христијанството е претставено преку  крштевањето, а се однесува на Христовото крштевање во реката Јордан од свети Јован Крстител. Верниците, осветената вода во која бил положуван крстот ја чувале преку целата година и ја користеле за лекување.

Според верувањата и обичаите, на Ноќ спроти водици се отвора небото и ако се посака желба, истата ќе се оствари, а сите немажени девојки на овој празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат. Исто така се верува дека девојките треба да замесат тесто, да одвојат 4 топчиња, и во нив да ги стават имињата на симпатиите, а едно да остане празно. Топчињата се ставаат во врела вода, и првото што ќе исплива на површина ја претскажува судбината.

На овој празник, православните верници се поздравуваат со „Бог се јави“, а се одговара со „Навистина се јави“.

Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ