ЦИВИЛ Медиа разговараше со Проф. д-р Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, за анализата на политики насловена Одзаробување на „административниот ум“: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата, која и претходеше на новиот индекс на корупција од Транспаренси Интернешнл.
-Анализата на Транспаренси Интернешнл се базира на перцепциите на елитите, затоа што дури и експертите се фокусираат на тоа што е фокус на елитите, политичките елити, што вели Брисел за борбата против висока корупција, така што таа анализа се занимава со тие прашања затоа што интелектуалните елити ги интересира тоа. Бидејќи тоа е налог од Брисел, да се занимаваме со висока корупција, односно корупцијата на белите јаки. Јас би рекла дека тоа е друга форма на корупција, друго прашање од редот на корупција, но тоа не е гласот на народот, вели Проф. Д-р. Катерина Колозова во интервју за ЦИВИЛ Медиа, во делот во којшто разговаравме за новиот извештај на Транспаренси Интернешнл и претходната анализата на политики на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, под наслов Одзаробување на „административниот ум“: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата.
Целосното интервју со Проф. Д-р Колозова ќе биде објавено на медиумската платформа на ЦИВИЛ во текот на наредната недела.
Дијана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети