• Latest
Проф. д-р Катерина Колозова (фото: ЦИВИЛ)

Колозова: Нашите закони ја штитат апстрактната држава од „корумпираниот” граѓанин, а не обратно

March 19, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Колозова: Нашите закони ја штитат апстрактната држава од „корумпираниот” граѓанин, а не обратно

March 19, 2025 11:39
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Проф. д-р Катерина Колозова (фото: ЦИВИЛ)

Проф. д-р Катерина Колозова (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Веќе 10 години објаснуваат мои колеги и јас со нив дека административниот систем сам по себе е корумпиран, каста за себе, дури и особено кога не е составен од новодонесени политички наградени кадри: земјава е од 1991 “делумно слободна земја” според Фридом Хаус во делот на демократски институции.

Дури и кога не е корумпиран службеникот, целата логика е коруптивна, бесконечни и бесмислени бирократски процедури за да не добиеш дозвола дури и кога исполнуваш услови, како систем на моќ врз граѓанинот и уцена. Секоја банална дозвола е пекол да се добие, а во овој Левијатан секој селски службеник- од оние неменлививите – има бесконечна моќ бесконечно да уценува, и да бара поткуп.

„Од главата смрдела рибата” и се одбива дека концептот на администрирање е на глава, наопаку ставен, оти првата филозофска вредност е обратна од таа на Европската повелба на темелните права (особено член 41): нашите закони ја штитат апстрактната држава од „корумпираниот” граѓанин, а не обратно. Темелот на европското администрирање е обратен: Граѓанинот се штити од институционална неправда и злоупотреба, не обратно. Во време на СДСМ пишувавме куп студии да го објасниме ова, и дека треба логиката да си ја сменат за да се „одзароби” државата.

Се’ додека не се преустрои административниот систем, а администрирање не прекине да биде дел од студии по право (друг пат сум објаснила зашто – долго е), нема одзаробување. Исто така, одговорноста мора да се децентрализира: со тоа што секој банален документ кој не може да го провери го потпишува министер, корумпираниот службеник кој одобрил е заштитен. Има како да се смени, но никој не нѐ чита како тоа се изведува. Барем да се зборува на ваков системски начин, може ќе се сменат нештата:

– управување е посебна гранка, и се учи како дел на студии на политики, јавно управување па дури и ко еден тип на менаџмент во јавни политики – не право.

– законот за администрација да се смени и да прекинат чиновниците да бидат заштитени од каква било казнивост.

– законот за управна постапка да не биде ѓоа-закон туку да дава материјални исходи: не да те враќа на стартот на постапката во бесконечен круг, туку да има пресуда- „ти си требал да добиеш дозвола, те оштетиле, ќе ти платат, службеникот одговара”.

– да се децентреализира одговорноста и надлежните службеници да си потпишуваат и со тоа да си одговараат лично оти од кај знае еден Миле Јанакиевски или Бектеши дека тој и тој клуб во Кочани исполнува стандарди – некој му дал хартија да потпише. Доста на секоја банална глупост, потпис на министер.

Така, не апсете рандом луѓе за оваа метастаза во системот туку фатете се со сериозно преустројување на нештата.


Текстот е личен став на Авторката и е преземен од нејзината Фејсбук страница.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ