• Latest
Добро утро со Орданоски

Командантите на ДУИ, поткачени на платформа

July 28, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Командантите на ДУИ, поткачени на платформа

July 28, 2020 07:15
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Таман кога ќе помисли човек дека, барем привремено, сè е кажано и дека сите теми до формирањето на новата влада се потрошени – ќе се јави ДУИ со нова „генијална идеја“! Во Мала Речица мора да има некој труст на мозоци што не спие, во подрум ли ги чуваат како печурки, на норма ли се, можеби со некоја шарска лековита трева се мачкаат во пределот на слепоочниците, што ли е не знам, но луѓево не престануваат да произведуваат идеолошко-политички бравури како да се дојдени од некој друг свет од минатото, околу 16-17 век, плус-минус два века.

Имено, новата предлог „албанска платформа“ на ДУИ, потпрена врз „пет столбови“, неодоливо потсетува на дивата градба кај ТЦ Мавровка: дигната набрзина, „преку ноќ“, толку потполно вон здравиот, цивилизиран разум и наспроти СИТЕ законски и архитектонски стандарди и правила, што секој нормален човек (вклучувајќи ги и надлежните служби за рушење) е шокиран и затечен, бидејќи не е можно некој да е толку глупав, толку дрзок и со таков криминален ум да помисли дека тоа чудо, на таков начин направено, би му поминало несанкционирано и неурнато, на 150 метри дијагонално од главниот Кривичен суд во државава?!

Па, сепак, го изградиле.

Баш така наликува и „платформата“ на ДУИ: дрска и неука, личи на безобразен обид за насилна политичка „дивоградба“ наспроти СИТЕ демократски и здраворазумни принципи што може да се замислат во 21-от век! Познавам многу луѓе од ДУИ, а имам и неколку пријатели таму, и мислам дека е ова толку ниско и навредливо „предполитичко“ ниво на размислување за сите нив, што не доликува на партија која пледира дека го има албанскиот „интелектуален крем“ зад себе.

Факт е дека Али Ахмети во последните неколку години се обиде на „површината“ на својата кадровска партиска политика да извади млади, пристојно образовани луѓе (додуша, сите мажи!), некои од нив со меѓународни приватни и професионални искуства во западниот свет. Тие го говореа коректниот демократски јазик и се гледаше дека се трудат одговорно да ги „пополнат чевлите“ за функциите на кои беа именувани, дури и кога беше јасно дека им недостасува политички и професионален опит или животно искуство да се справат со големите предизвици во своите ресори.

Преку нив – а и преку, макар и несмасната, кандидатура на Насер Зибери за премиер – Ахмети како да сакаше да сигнализира дека партијата се стреми да се еманципира од своите „командантски“ кадровски и менталитетски политички корени, главно поврзани со општата перцепција во јавноста за распространетиот криминал и корупција на локалните и на државните нивоа со кои раководеше ДУИ во последните две децении.

Изгледа дека тој демократски проект во ДУИ пропаѓа, налик на барокните фасади на Груевски, под налетот на несопирливата, ултимативна жед за власт, како единствен модалитет за постоењето на оваа партија. При првата можност да останат во опозиција, ДУИ си се враќа на своите изворни националистички, „командантски“ матрици, агресивно узурпирајќи го правото на етничките Албанци слободно да размислуваат и да делуваат по свое демократско наоѓање. Дури, ДУИ не се воздржува и од закани по стабилноста на државата, само за да не останат подалеку од нејзините ресурси кои „живот им значат“.

Во овој момент не може точно да се претпостави дали и како ќе биде вклучена ДУИ во новата влада. А тие прават сè што е во нивна моќ да си останат во опозиција. Можеби тој напор и ќе им се исплати.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ