На денешната седница Комисијата за заразни болести одлучи да и предложи на владата враќање на полицискиот час од четврток во 21:00 часот до понеделник во 05:00 часот.
Рестрикциите ќе важат за целата територија на Скопје, со сите општини, за Тетово, Куманово со Липково и Штип.
За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.
Предлогот мора да биде усвоен на следниот состанок на Владата.