Комисијата за заразни болести и предложила на Владата да воведе мерка полициски час за Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и Рамазан Бајрам.
Забраната за движење, според предлогот, би требало да трае 58 часа, односно, од 19 часот во сабота, до 05 часот во вторник наутро. На седницата на Комисијата за заразни болести денес се расправало и за најавеното отворање на угостителските објекти.
Владата денеска треба да одлучи за предложените мерки за празниците.
Д. Т.