• Latest

Комитетот на министрите на Советот на Европа бара регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија

June 10, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Комитетот на министрите на Советот на Европа бара регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија

June 10, 2021 13:28
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот на министрите на Советот на Европа, во одлуката донесена за спроведувањето на пресудите во предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија, ја изразува својата длабока загриженост дека повеќе од 15 години по изречената пресуда за оваа група, на здруженијата што имаат за цел „да добијат признавање на македонско малцинство“ редовно им е одбиена регистрација, што се чини, барем делумно, дека претставува поголем проблем на неодобрување од нивните цели, јави дописникот на МИА.

Комитетот бара од бугарските власти да обезбедат информации за овие прашања до 1 декември 2021 година.

Во својата одлука, Комитетот на министрите на Советот на Европа, по предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија, најпрво потсетува дека оваа група на случаи се однесува на неоправдано одбивање од страна на судовите, помеѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија кои имаат за цел да се добие признавање на „македонското малцинство во Бугарија“, одбивања засновани врз разгледување на националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на други (претпоставени сепаратистички идеи) и уставна забрана за здруженија кои извршуваат политички цели, како и непочитување на формалните законски барања (прекршувања на член 11).

Комитетот на министрите во својата одлука ја изразува својата длабока загриженост дека, и покрај усвојувањето на Привремената резолуција CM / ResDH (2020) 197 при последното испитување на овие случаи, најновите апликации за регистрација иницирани од здруженијата на апликантите откриваат нови проблеми поврзани со навидум неконзистентна апликација на формалните законски барања или се потпираат на основи поврзани со целите на здруженијата што ги бараат, пристап кој постојано беше критикуван од Европскиот суд.

Во во овој контекст, КМ на СЕ ги покани бугарските власти да го разјаснат постоењето и влијанието на практиката што се состои во тоа што здруженијата се обврзуваат да се регистрираат според статутот на зруженија од јавен интерес.

Претставниците на 47-те земји членки на СЕ им препорачуваат на властите од Софија да осигурат дека секое ново барање за регистрација на здруженија на жалителите или слични здруженија да се разгледаат во целосна согласност со член 11 од Конвенцијата, во врска со формалните законски барања што мора да се применат пропорционално, предвидливо и конзистентно, на начин, со јасни упатства до апликантите, доколку е потребно, како и во врска со проценката на законитоста на целите на здружението и начините за нивно извршување.

Комитетот на министрите притоа апелира, уште еднаш, бугарските власти да усвојат законодавни или други соодветни мерки споменати во Привремената резолуција CM / ResDH (2020) 197, со цел да и се наметне на Агенцијата за регистрација пошироко и поефективно давање упатства на здруженијата да ги исправат досиејата за регистрација, секогаш кога тоа е објективно можно, повторувајќи го својот повик до нив да се осигурат дека Агенцијата за регистрација ги идентификува сите недостатоци во досието за регистрација, како што налага законот, со цел да им помогне на здруженијата да претстават валидни досиеја.

Забележувајќи го со интерес, како позитивен чекор, писмото од министерот за правда на Бугарија со кое се бара Агенцијата за регистрација да подготви дополнителни упатства за службениците за регистрација и упатства за здруженијата, и ги охрабрува властите брзо да ги финализираат овие документи и исто така да ги решат неодамнешните тешкотии идентификувани погоре. Комитетот бара од својот Секретаријат да подготви евалуација на финалната верзија на овие упатства и упатства, кога тоа ќе биде достапно. Стразбур, исто така, со интерес ги забележа информациите обезбедени за време на состанокот за создавање на меѓуинституционална работна група одговорна за изготвување патоказ за извршување на пресудите на Европскиот суд и за тековната ревизија на Агенцијата за регистрација и ги покани бугарските власти да обезбедат информации за резултатите од оваа ревизија.

Понатаму, Комитетот на министрите ја изразува својата длабока загриженост дека повеќе од 15 години по изречената пресуда за оваа група, на здруженијата што имаат за цел „да добијат признавање на македонско малцинство“ редовно им е одбиена регистрација, што се чини, барем делумно, дека има поголем проблем од неодобрувањето на нивните цели.

Во овој контекст, КМ на СЕ ги повика властите од Софија да ја пренесат пораката, на високо ниво, до засегнатите страни за барањата за извршување на овие пресуди, како што е дефинирано во одлуките на Комитетот на министри, особено дека на овие здруженија треба да да не им биде одбиена регистрацијата или да бидат распуштена од причини критикувани од Европскиот суд во врска со нивните цели.

На крајот Комитетот бара од бугарските власти да обезбедат информации за сите горенаведени прашања до 1 декември 2021 година, демонстрирајќи конкретен напредок во решавањето на долгогодишните и постојани проблеми во извршувањето на овие случаи. Комитетот одлучи да продолжи со разгледување на спроведувањето на пресудите од ова група на предмети за време на состанокот во март 2022 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ