ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ќе ја претстават Компаративната анализа за последните четири извештаи на Европската Комисија за Македонија. Ова е деветтото издание на Компаративната анализа која го опфаќа периодот 2014-2018. Анализата ќе биде претставена на 19 април во хотелот „Холидеј Ин“ од 11 до 13 часот.
Претставувањето на Компаративната анализа ќе биде на јавна дебата каде по воведните обраќања на претставниците на граѓанското општество ќе се разговара за наодите од неколку клучни области од извештајот. Предвидено е дебата да се насочи кон прашања, како што се однесуваат на демократија и владеење на правото, економски развој и економски критериум и улогата на граѓанското општество и иднината на процесот на пристапување.
За извештајот ќе зборува и Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски интеграции.
Б.Ј.