• Latest

Кондовецот Агим Красниќи помилуван, ослободен или пуштен на прошетка?

October 25, 2024
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кондовецот Агим Красниќи помилуван, ослободен или пуштен на прошетка?

October 25, 2024 14:13
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката за скандалозните празнични помилување на десет осудени лица на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, предизвика јавни реакции. И додека се крава прашина околу помилувањата на поранешниот градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, кој беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Транспортер, на Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, член на наркокланот „Барон“, Акиф Бејадин Равмановски, осомничен за убиствата во Шиша Бар и за убиството на Орхан Бајрами-Оки во Грција, но и дека пред една недела откако избега од затвор, пукаше и рани лице во Чаир, како и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“, медиуми на албански јазик објавија дека на слобода е Кондовецот Агим Красниќи.

Оваа вест ја објавија медиумите на албански јазик, членови на неговото семејството и негови пријатели споделувајќи фотографии од пречекот по неговото излегување од затвор.

Засега нема информации дали е помилуван како што се објавува на социјалните мрежи, дали е ослободен или е пуштен само на неколку денови?

ЦИВИЛ Медиа вчера (24.102024) постави прашање до Управата за извршување на санкциите во врска со слободата на Красниќи, но до објавување на текстот не добивме никаков одговор.

Кондовецот Агим Красниќи во 2008 година беше осуден на 15 години затвор за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела, а по 12 години поминати во издржување на казната избега после слободен викенд од штипскиот затвор. Бегството се случи во 2020 година.

Красниќи во април 2024 заедно со уште двајца македонски државјани беше уапсен во Косово од косовската полиција во Урошевац поради пукање во кафуле, по еден месец бил екстрадиран во земјава. До отслужување на 15 годишната затворска казна му останаа околу три години. Не се знае дали има казна за бегството од Штипскиот затвор и за учеството во пукање во Косово?

ЦДТМ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ