Сајбер/ИКТ безбедноста и подигнување на свеста за заштита од растечките закани од сајбер напади се дел од приоритетите во програмата на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, се наведува во соопштението од МНР за конференцијата, пренесува МИА.
Годинешната Конференција има за цел да ја зајакне сајбер безбедноста и да изгради кохезивен политички пристап меѓу државните актери и другите засегнати страни, како што се приватниот сектор, академската заедница и невладините организации.
Конференцијата „Сајбер/ИКТ безбедност“ ќе послужи и како платформа за претставниците на земјите-учеснички во ОБСЕ, заедно со партнерските организации и другите чинители активно да се вклучат во суштинска дискусија за овие релевантни теми.












