Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата
на САД во рамки на Претседавањето на Република Северна Македонија со САД-Јадранската Повелба
ја организира Конференцијата за стратегиски комуникации насловена како „Медиумска писменост и
справување со дезинформации – Подготвеност на институциите за заштита од хибридни влијанија“, што
ќе се одржи денеска во Скопје.
Западен Балкан е регион од стратешко значење за Алијансата, што е потврдено и со новиот Стратешки
концепт на НАТО од 2022 година, кој ја потврдува поддршката за евро-атлантските аспирации на
земјите од Западен Балкан, соработката при справување со заедничките предизвици и зајакнувањето на
отпорноста кон малигни влијанија на авторитарни актери.
Интеграциските аспирации и демократската ориентација на земјите од Западен Балкан традиционално се мета на странско малигно влијание, кое најчесто се спроведува преку кампањи за дезинформација и зависи од политичката ситуација во регионот или во одредена земја од регионот. Регионот на Западен Балкан покажува значителни слабости во справувањето со штетните, хибридни и малигни странски влијанија.
Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе се одржи конференција за стратешки комуникации, насловена „Медиумска писменост и справување со дезинформации-подготвеноста на институциите за одбрана од хибридни влијанија”.
Конференцијата има за цел размена на мислења и искуства меѓу претставници на државни институции на земјите учеснички и набљудувачи на А5, претставници на медиумската и експертската фела за ефикасните мерки при справување со лажните вести и дезинформациите, како и важноста на мерките за подигнување на нивото на медиумската писменост на граѓаните, особено младите. Подготвеноста на институциите за справување со дезинформациите во социјалните медиуми, имајќи ги предвид слободата на медиумите и слободата на изразување исто така ќе биде во фокус на утрешниот настан.
На конференцијата воведни обраќања ќе имаат државниот секретар на министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.
Во првата сесија излагање ќе имаат Енди Карвин од Атлантскиот Совет, Росана Алексовска од Ф2Н2, Билјана Петковска од МИМ и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.