Во хотелот „Мериот“ во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција за проектот „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“.
Проектот во изминатите пет месеци го спроведуваше Здружението ЕСЕ во соработка со четири партнерски организации и поддржани од Светската здравствена организација (WHO).
На завршната конференција ќе бидат презентирани заклучоците и резултатите од проектот, а ќе се одржи и панел дискусија за потребите на ромските заедници за јакнење на нивната отпорност и реакција при кризни состојби.
На конференцијата воведни обраќања ќе имаат претставничката на Светската здравствена организација во Северна Македонија, Џихан Тавила и извршната директорка на ЕСЕ, Јасминка Фришчиќ.