Конференција на тема „Дислексијата (не)препознаена од институциите” ќе се одржи денеска во организација на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН, како дел од проектот „Инклузивни образовани политики за учениците со дислексија”.
Во проектот беа вклучени педагошко-психолошките служби од сите основни училишта на територијата на Град Скопје.
– Целта на конференцијата е подигнување на свеста кај државните власти за дислексијата како специфична состојба која предизвикува потешкотии во учењето и овозможување на дијалог со властите за започнување на процеси кои ќе водат кон создавање на инклузивно општество за учениците со дислексија, информираат од Здружението за дислексија АЈНШТАЈН.
Извор: МИА