Categories

ПРЕЗЕНТАЦИЈА Конференција за европските искуства за управување со отпад

Во Скопје денеска ќе се одржи меѓународна конференција на која ќе бидат презентирани европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпад.

На конференцијата е најавено присуство на компании од Европа кои се занимаваат со оваа проблематика. Ќе бидат претставени начините на функционирање на системите за управување со посебните текови на отпадот во Германија, Бугарија и во Чешка, а ќе стане збор и за европските предизвици и очекувања од системите за управување со посебните текови на отпадот, како и за учеството на општините.

Конференцијата ја организира Асоцијацијата за управување на посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email