Амбасадата на Кралството Холандија објави повик за конкурс на фотографии на тема Холандија во Македонија (NL in MK), по повод Националниот ден на Холандија – Денот на кралот.
На конкурсот можат да аплицираат сите заинтересирани без разлика дали се професионални или аматерски фотографи.
Натпреварот е отворен на 2 април, а може да се аплицира до 17 април во 12 часот. На 25 април Комисијата ќе одлучи за десет најдобри фотографии што ќе бидат отпечатени и изложени на Денот на кралот. Најдобрите три фотографии ќе бидат наградени со велосипед, прва награда и ваучери за фотографска опрема за втора и трета награда. Сите добитници ќе добијат покана на прием во Амбасадата на Денот на кралот и специјални награди.
Идејата е да се најдат сличности, заробени слики во Македонија, што потсетуваат на обележјата на Холандија, без разлика дали се работи за бои, форми, начин на живот…
Фотографиите треба да бидат направени во Македонија и да не се дигитално изменети.
Надворешната комисија ќе одлучува врз основа на креативност, оригиналност, техничка извонредност, композиција и целокупната уметничка заслуга. Резултатите ќе бидат објавени на веб-страницата на холандската амбасада.
Б.Ј.