• Latest

Консензуално решавање на изборни проблеми – локални избори во најава

October 8, 2020
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Консензуално решавање на изборни проблеми – локални избори во најава

October 8, 2020 14:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ/ОДИХР излезе со своите наоди и заклучоци од текот на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули, оценувајќи ги како ефективни, со оглед на пандемијата со Ковид-19, негативниот тон на кампањата, техничките предизвици на денот на изборите, како и недостатокот на критички осврт кај медиумите.

Со формирање на новата Влада, а во пресрет на локалните избори 2021, веднаш се актуелизираа прашањата за измени во Изборниот законик, конкретно прашањето за отворени листи, ставајќи го во позадина проблематизирањето на една изборна единица.

Премиерот Зоран Заев изјави дека СДСМ ги поддржува измените што се однесуваат на отворени листи, но сите измени во Изборниот законик зависат од консензус меѓу политичките партии.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ даде свој предлог во пресрет на локалните избори наредната година. Тие  сметаат дека доколку се ограничат локалните избори на еден изборен круг, без прегласување, односно втор круг, ќе се заштедат пари. Истовремено според нив преференцијални листи за советници се, исто така, пожелни и потребни.

На денешната прес-конференција министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, како и за сите други треба да се постигне консензус. Истовремено најави дека веќе се формира работна група во која се вклучени сите засегнати страни, вклучувајќи ги и политичките партии. И оваа работна група, во рамки на Министерството за правда, ќе се води првенствено по препораките на ОБСЕ/ОДИХР како основа измените во Изборниот законик.

„Ние како владина коалиција и партија на власт имаме конкретни идеи,  воведување отворени листи за советите, а ќе имаме и други идеи. Во овој процес секоја идеја ќе биде вредна за разгледување и на крајот на процесот за секоја за која ќе има консензус од политичките партии ќе се најдат во текстот на законот“, рече Маричиќ.

Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, пак, покажува дека во измените на Изборниот законик, во февруари 2020, за потребите за предвремените парламентарни избори, што беа првично закажани на 12 април, не се вклучени препораките за универзалноста  и  еднаквоста  на  гласот  во  изборната  единица  во  странство, ревизија на границите на изборните единици од страна на независно тело, правата на лицата со попреченост, како и ефективна  ревизија  на  финансирањето  на  кампањата.

Една од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР се однесуваа и на Избирачкиот список. За потсетува, ЦИВИЛ како организација со долгогодишно искуство во изборниот мониторинг и по овие предвремени парламентарни избори останува на ставот дека хаосот во Избирачкиот список не е надминат, бројката на регистрирани гласачи не е реална, а голем број на граѓани ги немаше во Избирачкиот список. Дополнителен проблем настана и поради дислокација на избирачките места и нивна поделба на неколку избирачки места, истечени лични карти или нови лични карти. Сите овие гласачи се праќаа во ОИК од каде обично добиваа одговор дека немаат право на глас. Во ретки случаи се препраќаа во други избирачки места.

„Ефикасноста  и  точноста  на  регистрацијата на  гласачи е дополнително погодена од ограничениот информациско-технички капацитет на ДИК, поради што не беше спроведена дополнителна опсежна контрола на квалитетот на избирачкиот список“, се вели во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

Маричиќ на денешната прес-конференција додаде дека во измените на Изборниот законик, ќе биде имплементација на забелешките на ОБЕ/ОДИХР.

„Многу е важно да ги мотивираме граѓаните да учествуваат во изборите и да го дадат својот глас за оние за кои мислат дека се најквалитетни“, рече Маричиќ.

Последните изборни реформи поминаа без реални реформски решенија или подобрување на општата слика за изборните процеси во земјата. Пандемијата со Ковид-19 ги спречи институциите да работат во насока на демкратизација, но кризата не беше пречка да се продлабочи политичкиот дијалог. Напротив, недостатокот од истиот го покажа и начинот и манирот во кој се спроведе изборната кампања, како и низата нерегуларности, вклучувајќи го и поткупот на гласачи,  кршење на изборниот молк, говор на омраза, кршење на правото на глас…, па се до медиуми и социјални мрежи кои отворено и кампањски ширеа дезинформации, лажни вести, говор на омраза, служејќи се со клевети и навреди.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ