• Latest

Консултации за студентско организирање

November 15, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Консултации за студентско организирање

November 15, 2017 14:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младинскиот Образовен Форум ја организираше третата консултативна средба за ново студентско организирање. На оваа средба студентите ги споделија своите ставови и мислења за студентското организирање и студентските парламенти. На настанот воведни обраќања  имаа  Ветон Иљази од Студентски парламент на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јана Нашулова, Студентски пленум, Фани Димоска од Европска асоцијација на студенти по право (ЕЛСА), Мартина Илиевска, Младински образовен форум (МОФ), Енгелеј Ајази (Студентски правобранител на Универзитетот на Југоисточна Европа) и Блертон Зејнели од Democracy Lab.

Целта на овие јавни консултации е да ги вклучи засегнатите страни: студенти, професори, студентски организации и др. во споделување нивни ставови и мислења за моделот на студентското организирање.

„Сегашниот закон за високо образование е менуван повеќе од 20 пати откако е донесен. Сепак, и покрај огромниот број промени од неговото донесување до денес, во него има само еден член кој го уредува студентското организирање, па оттаму јасно е и зошто оваа тема се смета за недоречена и конфузно уредена. Новиот закон треба да пружи поголема стабилност и појасна слика за студентското организирање“, вели Фани Димовска од ЕЛСА.

„Студентскиот Пленум кој својата битка ја започна пред три години се бори за подобрување на стандардот на студентот но и подобрување на статусот на студентот во општеството. Сметаме дека за да се промени нешто потребно е да се почне од младите и нивните потреби. Затоа ние како Студентски Пленум го кренавме гласот за подобро високо образование но и за подобрување на студентскиот стандард кој сметаме дека е клучна работа. Се надеваме дека оваа Влада за разлика од претходната ќе има слух за потребите на студентите и ќе се потруди статусот на студентите да го крене на едно повисоко ниво“, рече Јана Нашулова од Студентскиот Пленум.

„МОФ повеќе години работи на студентското организирање со различни активности. Потребата од ново студентско организирање е евидентна бидејќи речиси на сите универзитети студентските парламенти се нефунцкионални или со нелегитимни претставници подолго време. Иницијативата има за цел да прибере мислење на студенти од 4 универзитетски градови: Скопје, Тетово, Битола и Штип и да се поднесат како препораки до МОН, за истите да бидат внесени во Законот за високо образование кој е во процес на изготвување“ – изјави Мартина Илиевска од Младинскиот образовен форум.

По воведните говори, присутните студенти и млади лица имаа можност да ги кажат своите ставови за студентското организирање и начините на кои тие сакаат истото да биде уредено со новиот Закон за високо образование. Консултации веќе се спроведоа во Штип, Битола и  Тетово, а ќе се случи и уште една во Скопје. По завршувањето на консултациите, заклучоците ќе бидат сумирани во еден документ. Истиот ќе биде доставен до надлежните институции на „тркалезна маса“ која ќе се одржи на крајот на месец ноември во Скопје.

Активностите се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено Општество – Македонија.

Ф.Х.

Tags: високо образованиеконсултацииМОФстудентистудентско организирањеФООМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ