• Latest

Контра-парада со вкус на режимското минато

June 21, 2019
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Контра-парада со вкус на режимското минато

June 21, 2019 15:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Парадата на гордоста што ќе се оддржи на 29 јуни во Скопје ќе ѝ биде спротивставена контра-парада со манипулативен, верски слоган „Сведоштво за семејството“ во организација на иницијатива со недоволно транспарентно потекло и структура, наречена „Сојуз за живот“. И додека ЛГБТИ заедницата и сите нејзини поддржувачи ќе ја одбележуваат 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, како пресвртна точка за создавање на движењето за права на ЛГБТИ заедиците ширум светот, на истиот датум, со поддршка на Брегалничката епархија ќе се промовираат „вистинските традиционални вредности на семејството“.

Целта на овој настан, според јавните повици, е да се прикаже вистината за тоа што е брак, семејство и пол и како придонесуваат тие за животот, а против идејата за родова рамноправност, под изговор дека тоа претставува „промоција на неприродното семејство“. Овие пораки се налик на практиките на „иницијативите“ од недоамнешното минато, кога на секоја прогресивна идеја и протест, режимот на Груевски му спротивставуваше контра-протест.

Иако во соопштението на иницијаторите на контра-парадата е наведено дека се повикани сите верски заедници и дека се здружени во „Сојуз за живот“, па наведени се МПЦ-ОА, ИВЗ, Римокатоличката црква, Евангелско – методистичка црква и Евангелска црква, останува отворено прашањето дали сите овие верски заедници навистина им одговориле позитивно на нивниот повик.

Промо видеото што го придружува овој повик ги злоупотребува и децата, а притоа е и крајно манипулативен, поигрувајќи со емоциите на луѓето, со тоа што се повикува на категориите поврзани со „вистината за животодавното разбирање за тоа што е брак, семејство, род, пол, вера, благослов, смисла, сопруг, сопруга, деца, внуци, баба, дедо, радост, живот…“

Се обидовме телефонски да контактираме со организаторите, но не наидовме на одговор. Очигледно, се во комуникација со Господ, примајќи ги последните инструкции за тоа коа најдобро да ги промовираат семејните вредности во духот на христијанството, па и други вери…

Останува да се надеваме дека Господ ќе им укаже дека сите се еднакви во негови очи, со исти права и можности, самостојно и слободно да се борат за своето право да бидат тоа што се по пол, род и сексуална ориентација.

Б. Ј./ЦИВИЛ

 

Share65TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ