• Latest

Контроли за користење на земјоделското земјиште во Светиниколско, се подготвува јавен оглас за давање под закуп

April 4, 2018
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница на Левица (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Контроли за користење на земјоделското земјиште во Светиниколско, се подготвува јавен оглас за давање под закуп

April 4, 2018 14:10
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, врши контроли за утврдување на правото на користење на државното земјоделско земјиште во регионот на Свети Николе, а во фаза е и на подготовка на јавен оглас за давање под закуп и јавен повик за продажба на земјиште под оранжерии. Од Министерството ги демантираат информациите дека ќе објават јавен повик за користење земјоделското земјиште, кои, како што велат, поттикнуваат земјоделците на узурпирање на земјиштето.

Како што појаснуваат од МЗШВ, јавниот оглас за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост е за површини до и над три хектари во регионот на Свети Николе. При јавен оглас МЗШВ одлучува кои парцели ќе бидат објавени, за кои се плаќа годишна закупнина.

– Во оваа насока, се превземаат интензивни активности за расчистување на земјоделското земјиште од противправното користење на земјиштето и ослободување на истото од узурпаторите, кои во минатиот период без основ го користеле. Овие активности се одвиваат во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, велат од МЗШВ.

Целта, потенцираат, е да се добијат слободни површини што ќе можат да се понудат за користење на вистинските земјоделци.

– Шпекулациите во овој регион дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе објави јавен повик за користење на земјоделското земјиште, а кои се поттик да се узурпира земјиштето најостро ги демантираме и ги известуваме земјоделците дека Министерството во овој период не планира објавување ваков повик, велат од Министерството.

При јавен повик за користење државно земјоделско земјиште, парцелите не ги објавува Министерството, туку само објавува јавен повик за прибирање на понуди, при што самите земјоделци поднесуваат барања и елаборати за парцелите за кои што сакаат да склучат договор со МЗШВ.

Од ова Министерство апелираат земјоделците да не посегнуваат кон против-правно заземање на земјиштето бидејќи, како што посочуваат, контролите на инспекторите се во тек и нема да се толерира незаконско користење на државното земјоделско земјиште од физички и правни лица, за кое следува изрекување на глоби и казни согласно законот за земјоделското земјиште.

Оттаму информираат и дека согласно Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост и методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделското земјиште во државна сопственост под оражнерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство се подготвува јавен повик за доставување понуди за интерес за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите кои се во функција на земјоделското производство.

Преку оваа постапка, велат од Министерството, ќе се овозможи сопствениците на оранжериите и објектите кои се во функција на оранжериите да можат да го откупат државното земјоделско земјиште по пазарна вредност утврдена со методологијата.

[divide]

извор: МИА

Tags: ЗакупЗемјоделство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ