По повод 25-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Кралството на Шпанија и Република Северна Македонија, на 11 јули, со почеток од 20 и 30 часот, ќе се одржи концерт на шпанската сефардска музика од „Liona & Serena Strings“.
Концертот ќе се одржи пред Платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и е во организација на Амбасадата на Кралството на Шпанија во соработка
со Скопско лето, Еврејската заедница на Република Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
А. П.