• Latest

Конзулов: Наша обврска е да продолжиме да се рефомираме одржувајќи ја на високо ниво комуникацијата со граѓаните

October 15, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Конзулов: Наша обврска е да продолжиме да се рефомираме одржувајќи ја на високо ниво комуникацијата со граѓаните

October 15, 2020 10:38
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, одговорајќи на прашањата на ЦИВИЛ Медиа, истакна дека справувањето со пандемијата од Ковид-19 е примарна цел на државата, но и општините. Конзулов даде оценка и на политичката состојба постизборно, како и подготвеноста на локалната самоуправа за евроинтеграциите.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Конзулов: Беше битно да покажеме дека можеме да организираме демократски избори и тоа се рефлектира во оценката на ОБСЕ/ОДИХР. Мислам дека владеачката коалиција има јасна агенда со акцент на приближувањето до ЕУ и справување со економските последици од кризата со пандемијата.  Успеавме да го задржиме континуитетот во надворешната политика кој беше доведен под знак прашање судејќи по пораките кои ги пласираа опозиционите партии. Тоа не е мала работа и јас сум оптимист дека позитивните трендови ќе продолжат, секако останува да се справиме со пандемијата на Ковид-19 како примарна работа.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Конзулов: Мојата оценка е дека луѓето ги препознаа позитивните трендови и тоа се покажа и во изборните резултати во Општината. Решивме дел од пробемите кои се провлекуваа со години, вложивме доста во уличната и патна инфраструктура. Клучно е  тоа што граѓаните препознаваат дека локалната власт работи неселективно и  во нивни интерес.  Очекувам победа на СДСМ и на следните локални избори.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа во вашата општина се подготвува за интеграција во ЕУ?

Конзулов: Првично фокустот ни беше во решавање на затекнатите проблеми кои беа бројни и од различен карактер. За кратко време успеавме да ја зголемиме ефикасноста во работата на општинската администрација. Од затекнати 2.251 нерешен предмет за легализација успеавме за само една година да решиме 1.402 и да изготвиме бројна техничка документација која недостасуваше, а е основа за аплицирање на европските проекти.

Некои се веќе завршени, дел се во реализација.  Понатаму, ги вклучивме и невладините организации во општинските проекти и генерално ја отворивме Општината за граѓаните. Мислам дека комуникацијата локална власт – граѓанин е подигната на повисоко ниво. Секако останува уште многу работа, имаме доста слабости и простор за подобрување, но разликата е препознатлива и граѓаните тоа го гледаат. Наша обврска е да продолжиме да се рефомираме.

обработка на текст: Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ