Проблемот беше во мај и јуни месец да се најдат некој што ќе зборат за ЕУ а не против ЕУ. Ситуацијата беше до толку ескалирана и до толку паднаа маските што ние се доведовме во ситуација речиси од сите медиуми да се шири, на најразлични и перфидни начини, евроскептицизмот.
-Се најдовме во ситуација, невладини кои со години имаат предзнак, или ги нарекуваме еу-експерти да бидат на челото на колоната каде што викаат нам не ни треба ЕУ, не под овие услови, каде што воопшто не се анализираа документите, вели колумнистката Никица Корубин говорејќи на панел дискусијата организирана од ЦИВИЛ под наслов: „Зад димната завеса: Со референдумот, или на него“.
-Пошироката јавност до ден денес не знае што е преговарачка рамка. Ние тоа го нарекуваме „Француски предлог“. Тоа не постои, тоа е преговарачка рамка усвоен од ЕУ. Тоа се условите под кои ние ќе преговараме. А ние во моментот кога сме се кандидирале за ЕУ сме ги прифатиле тие услови.
Околу тоа дали има поделба во општеството и која е улогата на ВМРО-ДПМНЕ, Корубин вели дека „за жал други структури ја имаат одиграно главната улога, пред ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица да ги организира протестите“.
Таа антибугарска атмосфера, беше на страшен начин прифатена од нашетo општество. Се градеа хистерии, кои не беа длабински, ниту имаа врска со идентитетот, јазикот итн..
Д. Варошлија
Камера: Горан Наумовски
Монтажа: Ариан Мехмети