• Latest
Фото: Полско претседателство со ЕУ / МИА

Кошта: За да обезбедиме мир во Европа треба да ја зајакнеме европската безбедност, Украина мора да остане наш главен приоритет

January 5, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кошта: За да обезбедиме мир во Европа треба да ја зајакнеме европската безбедност, Украина мора да остане наш главен приоритет

January 5, 2025 10:02
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Полско претседателство со ЕУ / МИА

Фото: Полско претседателство со ЕУ / МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија се роди како проект за мир по Втората светска војна и затоа уште еднаш треба да ја зајакнеме европската безбедност за да обезбедиме мир во Европа, во прилог на што оди и мотото на полското претседателство со ЕУ – „Безбедност, Европа!“, порача синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на свеченоста во Варшава по повод преземањето на претседавањето со Европската Унија од страна на Полска, пренесува МИА.

– Затоа, Украина мора да остане наш главен приоритет. Оваа година мора да продолжиме да стоиме крај Украина – колку што е потребно и онолку долго колку што е потребно, за да се обезбеди сеопфатен, праведен и траен мир. Мора да надвладее меѓународното право, за слободата на украинскиот народ и за нашата заедничка безбедност, рече Кошта.

Токму затоа, според него, ЕУ мора да продолжи да ја гледа одбраната како свој стратешки приоритет и да стане посилна, поефикасна, поотпорни и поавтономна.

– Со заедничко вложување, повеќе и подобро, со креативност и прагматизам за изнаоѓање нови решенија, секогаш работиме за силно трансатлантско партнерство и соработка со НАТО, рече Кошта, додавајќи дека токму поради ова за почетокот на февруари свикал неформален Самит на ЕУ посветен на одбраната, на кој се поканети и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и британскиот премиер Кир Стармер.

Според Кошта, нови инвестиции во одбраната и безбедноста може да го претворат овој сектор во вистински економски мотор на ЕУ, создавајќи подобри и поквалификувани работни места, развивајќи поавтономна европска индустрија и технолошки шампиони за постигнувањето на глобална конкурентност.

Кошта нагласи дека одбраната е клучна за сегашноста и иднината на Европа, но таа е само една компонента од европската безбедносна архитектура, поради што ЕУ мора да ги зајакне својата отпорност во соочување со природни катастрофи, својата гранична безбедност за справување со миграциските предизвици, да одговори на хибридните закани и напади, да ги подобри енергетската инфраструктура и безбедноста на храната и да ја намали зависноста од увозот на технологии и суровини.

– Ова е начин да се постигне сеопфатна стратешка европска автономија и европските демократии да се направат поотпорни, кохезивни и колективно помоќни за справување со предизвиците на глобализацијата, затоа што просперитетот и безбедноста одат рака под рака, истакна Кошта.

Тој додаде дека за напредок на европските економии потребно е обезбедување енергетска независност на ЕУ, диверзификација на изворите на енергија и намалување на цените на енергенсите за индустријата, компаниите и семејствата.

– Цените на енергијата се централна компонента на целокупниот фокус на европската конкурентност. Мора да видиме вистински напредок на ова поле, истакна Кошта, додавајќи дека ЕУ мора да најде „креативни решенија за подобрување на конкурентноста и социјалната и регионалната конвергенција за поживописен единствен пазар“.

Кошта се осврна и на усвојувањето на Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ за по 2027 година, која, како што рече, ќе треба да обезбеди помоќни алатки за соочување со геополитичките предизвици и глобалната економска конкуренција и за промоција на социјалната и територијалната кохезија во рамките на Унијата.

Тој нагласи дека Полска е извор на издржливост во време кога авторитаризмот и популизмот ги загрозуваат европските вредности, кога странското мешање го загрозува демократскиот интегритет на ЕУ и кога Унијата треба да ги зајакне своите одбранбени капацитети за да ги заштити своите членки, општества и вредности.

– Нашата заедничка визија за Европа се заснова на истите вредности, истите принципи, истата стратешка цел: да се зајакнат единството на земјите членки, ефективноста на европските институции и просперитетот на европските граѓани, нагласи Кошта.

Според Кошта, токму Полска е дефинитивно една од најуспешните приказни на проширувањето, најдобрата геостратешка инвестиција што Европа ја направи за да ги гарантира слободата и демократијата по долги периоди на тоталитаризам.

– Не се сомневам дека полското претседавање со Советот на Европската унија ќе докаже уште еднаш дека патриотизмот и европската интеграција се меѓусебно поврзани и дека ротирачките претседателства ја зачувуваат улогата на земјите членки како движечки сили на стратешката агенда на Европската Унија, додаде Кошта.

Претседателот на Европскиот совет потенцира дека политиката е околу и за луѓето, па затоа најважно е како националните и европските политики го подобруваат секојдневниот живот на луѓето.

– Ова е значењето на Европската Унија. И ова е, верувам, целта на полското претседателство. Можете да сметате на мене, бидејќи верувам дека ја делиме истата стратешка визија за Европската Унија. Фокусирани на единството на земјите членки, посветени на безбедноста и просперитетот на европските граѓани и вкотвени во европските вредности кои историјата не научи да ги штитиме, заклучи Кошта.

На свеченоста се обрати и полскиот премиер Доналд Туск, кој нагласи дека Европа има среќа затоа што во овој многу предизвикувачки момент од нејзината историја, Полска ќе ја има мисијата да претседава со Унијата.

– Ние во Полска добро знаеме дека во себе мора да најдеме сила, верба и надеж. Мораме повторно да го откриеме значењето на слободата и суштината на она што Европа навистина го претставува, рече Туск.

Тој нагласи дека во следните шест месеци за време на претседавањето со ЕУ, Полска ќе се фокусира на најважните прашања за Унијата – безбедноста, конкурентноста и иновациите.

– Имагинацијата, храброста и силното лидерство се изворите на нашата сила, порача Туск.

Свеченоста по повод стартот на полското претседателство со ЕУ, што се одржа во Полската национална опера, продолжи со гала концерт под диригентската палка на Раджимир Дебски – Јимек, кој специјално за оваа пригода компонираше музичко дело инспирирано од полската класична музика.

Со ова композиција, која беше изведена на свеченоста, Јимек им оддаде почит на најголемите полски композитори, истакнувајќи ја убавината и богатството на културното наследство на Полска.

Tags: полско претседателство со ЕУПретседателот на Европскиот совет Антонио Кошта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ