Косовските безбедносни сили (КБС) соопштија дека од урнатините во Туркије спасиле 2-годишно дете и нејзината мајка.
По 48 часа од првите потреси на разорниот земјотрес, спасувачки групи од целиот свет работат на спасување на што повеќе животи кои се уште се под урнатините.
Сликите и видеото на кои се гледа како спасувачкиот тим од Косово го извлекува детето и мајката ги обиколија социјалните мрежи.
„Од утрото екипите за пребарување и спасување на Косовските безбедносни сили со полн капацитет дејствуваат во Хатај, Туркије, во вечерните часови успеаја да извлечат двегодишно дете и вложуваат максимални напори за да се спаси нејзината мајка која е заробена во урнатините“, истакнаа КБС во социјалните мрежи.
Подоцна КБС соопштија дека по многу напори успеале да ја спасат и мајката на детето.
„По многу напори на екипите за пребарување и спасување на Косовските безбедносни сили, успеале да ја извлечат и мајката на двегодишното дете од урнатини“, се вели во нивното соопштеније објавено на Фејсбук.
Акциите за пребарување и спасување ќе продолжат се додека не се извади последниот граѓанин од урнатините, мотивацијата на војниците од Косово е висока, професионалноста и дисциплината даваат резултати, се вели меѓу другото во нивното соопштение.
Според последните податоци бројот на загинати од силниот земјотрес што ги погоди Туркије и Сирија се искачи на повеќе од 16.000. Официјални лица и медицински лица соопштија дека 12.873 лица загинале во Туркије и 3.162 во Сирија од потресот од понеделникот од 7,8 степени по Рихтеровата скала, со што потврдениот вкупен број достигна 16.035.
Н. А.