Коста Петров се здоби со признание од ТРИ и од Паблишер за најпродаван автор на деценијата. Несомнено за неговиот успех сведочат продадените 43.000 книги, шеснаесет изданија од „Се гледаме на врвот“, десет изданија од „Нашето последно кафе“, а наскоро со нетрпение го очекуваме и осмото издание на „Никој не рече дека ќе биде лесно“.
Коста вели дека онаму каде што си, е онаму каде што треба да бидеш. Тој пред многу години ни најави дека ќе се видиме на врвот, токму каде што треба да биде и каде што е денес – во врвот на најчитаните македонски автори.