• Latest
Фото: МИА

Костадиновска-Стојчевска: Од антифашистичка Битола порачуваме – холокаустот никогаш да не се повтори

March 9, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Костадиновска-Стојчевска: Од антифашистичка Битола порачуваме – холокаустот никогаш да не се повтори

И покрај сите материјални сведоштва, некои и по осум децении го негираат холокаустот. Ним и денеска од антифашистичка Битола ќе им порачаме - никогаш да не се повтори, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната комеморација по повод 80-годишниата од депортацијата на битолските Евреи.

March 9, 2023 14:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

И покрај сите материјални сведоштва, некои и по осум децении го негираат холокаустот. Ним и денеска од антифашистичка Битола ќе им порачаме – никогаш да не се повтори, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната комеморација по повод 80-годишниата од депортацијата на битолските Евреи.

Пред аудиториум од градот и државата, како и гости од Израел, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро од пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови, а потоа со 14 сточни вагони беа депортирани во Треблинка.

-Нивниот најголем грев бил тоа што се Евреи, и толку. За фашистичкиот проект за чиста раса тоа било доволна причина. Денеска ние го чуваме од заборав нивното злосторство за никогаш да не се повтори. Споменот за најголемото злосторство е најголемиот кошмар на злосторниците и нивните поколенија. Едно е да наведнете глава од почит, а сосема друго е да ја наведнете главата од срам. Иако, и за тоа треба да се има доблест. На 11 март битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит за своите 3351 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори. Денеска ќе бидеме дел од поворката на живите минувајќи го молкум патот кој го врвеа оние кои не се вратија. Ќе им оддадеме почит на д-р Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист, основач на здравствениот дом во Битола, ќе оддадеме почит на Естреја Овадија со партизанско име Мара која загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор, прогласена за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои се приклучија на партизанските одреди заедно со мојот дедо. Нека им е вечен споменот. Никогаш да не се заборави. За никогаш и никому да не се повтори. И покрај сите материјални сведоштва, некои и по осум децении го негираат холокаустот. Ним и денеска од антифашистичка Битола ќе им порачаме – никогаш да не се повтори, истакна Костадиновска-Стојчевска.

На комеморативниот собир во Битола, градоначалникот Тони Коњановски рече дека со тага се сеќаваме на едно мрачно време со многу злосторства и невини жртви.

–Денес се потсетуваме на минатото во кое Евреи живееле на овие простори, негувале своја култура и традиција и оставиле траен печат и белег во нашата историја. И, после 80 години, страшните злосторства и депортација во логорот на смртта во Треблинка на 798 семејства со 3351 битолски Евреи, наши сограѓани, 11 март претставува болно сеќавање на Битола за луѓето кои на суров начин ги загубија своите животи. Нашата порака во денешнината е никогаш да не дозволиме злото против човештвото да се повтори, посочи Коњановски.

Претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, во битолскиот Офицерски дом потсети дека со депортирањето на 7144 Евреи, Македонија загуби 98 проценти од вкупната еврејска популација, а денес во Битола не живее ниту еден Евреин.

-Поминаа 80 години, а никој не се врати, но се уште има живи сведоци кои го паметат тоа студено мартовско утро од 1943 година кои се сеќаваат како бугарските фашисти ги собираа од нивните домови, ги фрлаа во сточни вагони за да ги однесат на пат со неповрат. Тогаш, 3276 битолски Евреи беа однесени во Треблинка и никогаш не се вратија. За жал, идеите за уништување на Евреите постојат и денес. Денес во делови на светот, но и во срцето на Европа, да бидеш Евреин повторно станува многу опасно и затоа потсетуваме, опоменуваме, да не се заборави, посочи Леви.

Учесниците на комеморацијата положија цвеќе на споменикот на депортираните Евреи и бистата на народната хероина Естраја Овадија Мара, а според востановената традиција и годинава се одржа поворка на живите, која почна пред здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“, а заврши на Железничка станица во Битола. 

Tags: Битоладепортацијаевреикомеморацијахолокауст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ