• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Со САД интензивно работиме на заштитата на културното наследство

June 2, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: Со САД интензивно работиме на заштитата на културното наследство

June 2, 2022 15:45
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 „Северна Македонија ќе склучи договор за соработка со САД на полето на заштитата на културното наследство во насока на превенција од нелегална трговија со културни добра“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е дел од владината делегација за Стратегискиот договор во Вашингтон, по средбата со Дебора Лер, претседавач на бордот на директорите на Коалицијата за антиквитети овластена од Стејт департментот, информираат од Министерството за култура.

Министерката Костадиносвска-Стојчевска и Лер ја поддржаа иницијативата за потпишување билатерален договор за контролиран извоз на археолошки и етнолошки материјали од Северна Македонија во САД.

„Од особено значење е соработката со САД што ја започнуваме и верувам дека ќе резултира со бенефит за државата за заштита на нашите културни добра“, додаде министерката Костадиновска-Стојчевска.

Дебора Лер, на средбата со министерката Костадиновска-Стојчевска, истакна дека Коалицијата за антиквитети активно работи на оваа тематика повеќе од 10 години и има развиено многу  механизми во кои се вклучени и американските безбедносни служби, а со цел  да се следат и да се детектираат делата што се увезени нелегално.

Во меѓувреме ќе се одржи работен состанок со асоцијацијата Коалиција за антиквитети и сите нивни придружни органи што се занимаваат со оваа проблематика.  Министерството за култура, МВР и Управата за заштита на културното наследство интензивно ќе работат на текстот на договорот со соодветните институции од американска страна.

„Тие имаат многу повеќе искуство, за разлика од нас, а ќе соработуваме и со група од невладината организација што се занимава со правни прашања и правни решенија во однос на трговијата со уметнички дела, слики, артефакти, антиквитети, сѐ со цел да ни олесни во креирањето нови законски решенија“, додава министерката.

На средбата, Костадиновска-Стојчевска изрази голема бладогарност за поддршката што оваа организација ѝ ја понуди на Република Северна Македонија за зачувување на македонското културно наследство, а преку механизмите на Стејт департментот.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ