• Latest

Костадиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ проекти

June 14, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ проекти

June 14, 2022 11:23
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Младите таленти ќе ја промовираат културата и ќе го негуваат културното наследство преку добрата практика на транснационалната културна соработка меѓу Република Северна Македонија и Европската комисија, се согласија министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, кои се сретнаа во Брисел, Белгија, информираат до Министерството за култура.

Соработката ќе продолжи и во рамките на Програмата „Креативна Европа“, активностите во Агендата за Западен Балкан и Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија каде што Република Северна Македонија има голем број искуства на квалитетни проекти, особено во програмите за прекугранична соработка.

– Задоволни сме од резултатите постигнати со спроведувањето на претходниот циклус на Програмата „Креативна Европа“ преку што Министерството за култура дава поддршка на современите предизвици со кои се соочуваат културните и креативните сектори. Имаме реализирано национално учество за последните две години од страна на Министерството за култура и Агенцијата за филм за потпрограмите Култура и МЕДИА во износ од 313.000 евра, а ко-финансирани од наша страна како министерство за 2021 и 2022 година се 20 проекти во висина од 166.683 евра. Оваа година ќе се отворат и две нови програми од страна на ЕУ, за кои како земја може да аплицираме, едната програма е за индивидуалци или група на млади  таленти во културата и другата програма е наменета за граѓанските организации кои се активни и сакаат да дадат придонес во културата, истакна министерката.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека нашата држава активно учествува во новата програма 2021 – 2027 и изрази уверување дека Северна Македонија останува партнер на Европската комисија не само во посветеноста за техничка помош кон олеснување на пристапот кон програмата, туку и со значителна финансиска поддршка на македонските корисници преку механизмот за кофинансирање на Министерството за култура и Агенцијата за филм.

На средбата беа разгледани и резултатите од иницијативите и активностите во рамките на остварувањето на Агендата за Западен Балкан на ЕУ – Култура.

– Oсобено радува фактот што на претстојниот министерски состанок во Тирана, закажан за 27 и 28 јуни, за прв пат ќе се воспостави платформата за култура во рамките на оваа агенда. Токму преку оваа платформа која е со цел обединети во различноста ќе произлезат конкретни регионални проекти кои ќе придонесат кон подобрување на социо-економскиот и културниот развој и препознатливост на самиот регион во рамките на европското семејство, рече министерката за култура.

Тие исто така разговараа и за Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, каде што има одличен интензитет на зближување на професионалците, културните работници и општините, благодарение на нивното заедничко дејствување под покровителство на Европската Унија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ