• Latest

Костовски: Постои ли кај нас слобода на медиумите – е како да одговарате дали постои чудовиштето од езерото Лох Нес

May 2, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ DISTRICT

Костовски: Постои ли кај нас слобода на медиумите – е како да одговарате дали постои чудовиштето од езерото Лох Нес

Информативниот простор во Северна Македонија е строго централно раководен од најголемата десничарска партија преку силното и јасно видливото влијание врз сите форми на медиумско известување а со особен командно настроен (штабски) модел на управување дури и во најситни детали.

May 2, 2025 12:18
in DISTRICT, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Постои ли кај нас слободата на медиумите – е како да одговарате на прашањето дали постои чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес. Имено, за очекување е на рационалниот дел од човештвото дека треба еднаш да се рече дека ова суштество не постои. Но, ако се размисли каква штета би настанала ако го нема овој мит, пред се на локално ниво и во однос на погледите од надвор кон ова место, се јавува потребата да се задржи опцијата (или и таа да е во оптек) дека кој знае што се постои таму долу под површината на водата“, вели новинарот и политички аналитичар Љубомир Костовски во изјава за ЦИВИЛ Медиа, по повод 3 Мај, Светски ден на слобода на медиумите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата држава?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ: Утрово се обидов да добијам некои експертизи за ова прашање, во мојот обид, можеби вкоренет дефетизам во однос на оваа материја да добие поинаква визура. На ова прашање на Фејсбук (состојба на медиумите) добив одговор на темата – највеќе – во форма „состојба на патиштата“, па дефилираа земјоделието, градежништвото…

Поаѓам од тоа дека оваа тема едноставно не е присутна, а јас би ја дефинирал како потценета или во некои случаи и сокривана од јавната сцена. Мораме ли сега за тоа… е можната реакција со која едноставно не се сака да се реагира и покрај тоа што имаме многубројни форуми и институти кои преку експлоатација на тема добро живеат со децении. Зошто? Па белки ако имаме добри ефекти од дебатите ќе престане смислата на нивното постоење.

Сепак, клучот лежи секако во една наследена ситуација која е дел од постсоцијалистичкиот период во Источна Европа, кога анегдотата за „Сопрете го Ројтерс“ е само слика за потреба да се владее со „строго контролирани возови“ (алегорија на Јиржи Менцел) во областа на т.н. седма власт, па ги добиваме една Бугарија, каде една профанисана личност ги контролира сите медиуми (Перевски), една Словачка каде се убиваат новинари, една Унгарија со атрофиран плуразлизам во медумите, една Русија каде владее целосен тоталитаризам па и зборот „плурализам“ е забранет за употреба, а кога станува збор за поранешните сегменти од СФРЈ да не говориме, но со исклучоци, главно врзани за државите кои влегоа во ЕУ! Заклучокот е јасен зошто таму климата е поинаква.

Ова прашање вклучува пред се одговор на тоа дали постои безбедност на новинарите? Имаме измена на Кривичниот законик, кој сега ги препознава нападите врз новинарите како напад врз службени лица, кои треба да се решаваат по службена должност, како и назначувањето специјален обвинител одговорен за следење на кривичните предмети што вклучуваат напади врз новинари и медиумски работници. Динг! Ова се третира строго селективно, бидејќи, најчесто остануваат незаштитени аналитичките и слободни по духот новинари и тоа од сите страни, вклучувајќи ги дури и новинарските здруженија и форуми. Точноста на оваа констатација многу добро ја знаат во „Цивил“, пред сè.

Законот е изменет и го стеснува просторот моќни политички актери да вршат напади врз новинарите (се мисли на вербалните) ама заканите и нападите, дури и со основ за кривично гонење (закани по живот!) преминуваат на други, често анонимни заканувачи ама неказнети (без влакно на главата да им недостасува) и лица кои не се толку политички експонирани, но јасно се покажуваат, но се во услуга на нивни политички и олигархиски господари.

Се намалува бројот на непропорционални тужби кон новинарите ама во основа лошата клеветничка атмосфера ја прават новинарите против новинарите, а тоа речиси и не се заблежува низ некаков стабилен опсервирачки аналитикум.

Условите за работа на новинарите во Северна Македонија се незадоволителни. Тоа не се однесува само на платите и несигурните договори, туку и на непочитувањето на правата од работниот однос и случаите на вознемирување и малтретирање, особено на новинарките. Информативниот простор во Северна Македонија е строго централно раководен од најголемата десничарска партија преку силното и јасно видливото влијание врз сите форми на медиумско известување а со особен командно настроен (штабски) модел на управување дури и во најситни детали.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

КОСТОВСКИ: Да се одговори на прашањето – постои ли кај нас слободата на медиумите – е како да одговарате на прашањето дали постои чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес. Имено, за очекување е на рационалниот дел од човештвото дека треба еднаш да се рече дека ова суштество не постои. Но, ако се размисли каква штета би настанала ако го нема овој мит, пред се на локално ниво и во однос на погледите од надвор кон ова место, се јавува потребата да се задржи опцијата (или и таа да е во оптек) дека кој знае што се постои таму долу под површината на водата.

Па така е и со слободата на медиумите кај нас – ако ја кажете вистината ќе падне рејтингот на сите демократски институции и позиционирањето на земјата во релацијата со сите можни надворешни фактори! Како би оделе напред ако се признае дека слободата на медиумите е како суштество кое ползи на четири нозе, се витка за да опстане или да се презентира. Па многу е тешко напредокот воопшто да се мери од таа почетна позиција, па се измислува некаква поволна трамбулина, пред се од надворешните фактори, кои сакаат да ни помогнат на тој начин, ставајќи ни во стартот некаква „тројка“ за да добиеме почетнички ентузијазам. Но кога треба да одиме погоре во освојување на слободата, ние едноставно стоиме во место и на поширок план, во мерење на демократизацијата на земјата, како што е со децении случај. Подарената оценка не помогнала.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи во државава?

КОСТОВСКИ: Пред се треба да се обезбеди јавна контрола врз оние институции што треба да го штитат јавниот интерес во однос на политизацијата на речиси сите медиуми (еднострана контрола, да додадам, да ја нема таа вештачка равенка дека се однесува на сите политички актери!).

Тука мислам, на пример на позицијата на ААВМУ која деценија и пол е монополизирана од еден центар за моќ! Таа треба да го контролира јавниот простор во име на општествените потреби и демократските традиции и пракси во земјите кои инаку служат како пример. По последниот предлог на имиња на идниот УО во Собранието на РМ морам да констатирам дека ќе имаме уште пожална ситуација, да речам дури и катастрофална, и со учество на кадровските кујни на речиси сите политички актери! Со овие институции се решаваат нечии приватни кадровски амбиции, процес што нарекуваме „ухлебување“ на место кое не бара труд, а носи медобносен стандард.

Слична е и со ситуацијата при бирањето на Советот на МРТ, што се одвиваше деновиве – коалицските договори меѓу партиите функционираат беспрекорно, но од тоа се уништува јавниот радио-телевизиски сектор. Не треба да кажам кој е добитникот во оваа распределба.

Ако не сме во состојба оваа непропорционалност да ја решиме и тоа преку селекција на навистина квалификуван, професионален кадар, тогаш и сето друго е залудно…

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ