• Latest

Коцевски: Локалните избори ќе бидат тешки за партијата на власт, мораме да дадеме максимум за да ја оправдаме довербата кај граѓаните

October 7, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Коцевски: Локалните избори ќе бидат тешки за партијата на власт, мораме да дадеме максимум за да ја оправдаме довербата кај граѓаните

October 7, 2020 17:29
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter
ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, во поглед на европските перспективи на Северна Македонија, придонесот кон евроинтеграциите на самата општина, како и за очекувањата од локалните избори.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?
Коцевски: Се надевам дека како ќе расне демократската свест и култура ќе се зголемува бројот на граѓаните со вистински европски и демократски вредности, дека ќе знаат што е вистинска вредност, а што  фалш вредност спакувана во некоја демократска обланда за заштита на некои права и така натаму. Најкарактеристичен пример е тоа што никој не го очекуваше, односно малкумина го очекуваа, големиот број гласови кои ги доби политичката партија Левица. Јас очекувам во наредниот период таа партија да расне, а не да спласнува ако се следи какви се реакциите на социјалните мрежи, дали општеството ќе најде соодветен одговор да ги разобличи тие работи, допрва треба да видиме. Прв тест ќе бидат престојните локални избори. Мислам дека има политичари и политички партии кои свесно одат кон тоа да ги придобиваат на жешки социјални, национални теми разочараните и од левицата и од десницата  и на тој начин создаваат голем контигент на гласачи што може да биде изразено и по број на пратеници и на советници во идните мандатни периоди, многу клучни во конституирањето на идните општински совети и на парламентарното мнозинство.
ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози? Што останува, еве во Општина Велес да се сработи и дали би се кандидирале за уште еден мандат за градоначалник на Општината?
Коцевски: Да ја расчистам дилемата првин околу мене. Јас нема да се кандидирам за следните локални избори. Јас не бев кандидат и на минатите локални избори во внатрешната постапка која се водеше во рамки на СДСМ, од лични прични. Но, анкетите што ги правеле во партијата покажаа дека имам убедлива доверба во споредба со другите можни кандидати и од тие прични на молбата прифатив да бидам повторно кандидат со цел да ги добиеме изборите. Се надевам дека сега ќе израснеме нови кандидати кои ќе бидат добри и ќе успеат да ја добијат довербата на граѓаните.
Мислам дека ќе бидат тешки претстојните локални избори. Јас припаѓам на владејачката мнозинска партија. Мора да бидеме реални на минатите избори поради вкупниот контекст во општеството и сè што се случуваше со Шарената револуција и киднапираното општество, загорзената демократија, сето тоа што го правеше претходната гарнитура на власт, ни одеше во прилог и успеавме неочекувано исклучително голем, да не речам огромен број на градоначалнички места во државата. Нереално е да го очекуваме тој, иако е посакувано да се повтори, резултат. Тоа не треба да се смета за пораз. Треба да направиме максимум што можеме во овој период што преостанува за да имаме образ, што се вели, да излеземе пред граѓаните и повторно да ја побараме нивната доверба.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа во Велес се подготвува за интеграција во ЕУ? Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?
Коцевски:
Мислам дека Велес е во добра состојба од било кој аспект да се гледа. Мислам дека сме и лидери во некои области, зачетници сме на некои нови идеи користејќи ги европските искуства. Сакам да се пофалам дека Велес е прва општина што донесе стратегија за развој на Велес како паметен град според европските директиви. Први донесовме план за одржлива урбана мобилност по директивите на ЕУ. Вмрежени сме во некои европски организации од каде полесно можеме да ги преземеме тие идеи и искуства. Мојата мисија е во наредниот период тоа да го наметнам врз централните власти и кај другите градоначалници да го стават да биде важен приоритет со нивните дејствувања.Добри сме со обезбедувањето на средствата од европските фондови толку колку што ни се на располагање. Во моментот се реализираат два значајни проекти кои се финансирани предпристапните фондови на ЕУ. Очекуваме и резултати од две апликации кои очекуваме да ги добиеме во наредниот период.

Се обидуваме да негуваме вистински вредности, да работиме вистински, а не само декларативно според европските принципи. Дури ако сакате да правите анализа, од ова што сега го најавува Владата да се редуцира бројот на вработени во општинската администрација, Велес ви е еден прекрасен пример за тоа. Ако кажам дека Велес има ист број на жители како неколку репер општини, ние имаме стотина вработени, а тие имаат дури и со двеста и повеќе дури и четиристотини вработени. Мојата филозофија е во општините да има оптимален број на вработени, а администрацијата да биде мала, стручна, непартиска, неполитичка, професионална и добро платена. А парите што другите ги даваат плати на административни службеници да останат за капитални проекти со кои ќе го подобриме квалитетот на животот на граѓаните.

Со давање на плати на заслужни партиски кадари ние не можеме да одиме напред и да го подобруваме квалитетот на живеење. За жал во Македонија имаме осстојба во која различен е степенот на богатство на општините и не можеме да ги мериме успесите на градоначалниците според тоа колку тие направиле затоа што има некои што се екстремно богати, не знаат што да им прават на парите, неколку скопски општини, Град Скопје и неколку други општини што се издвојуваат со рудници со минерални суровини, добиваат огромни пари од концесиите за користење на минералните суровини. Јас сакам да ги вреднувам градоначалниците по тоа колку тие прават од можноста што им стои на располагање. Тука треба да се видат нивните вештини – со малку пари колку можат да направат. Лесно е со многу пари да бидете успешен градоначалник. Проблем е ако немате многу пари како да извлечете максимум од можното  и да го подобрите квалитетот на живеење на граѓаните.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ