ВЕСТ НА ДЕНОТ
Средба Ковачевски – Рама: Скопје и Тирана заеднички ја проектираат европската иднина Новите перспективи за унапредување на меѓусебната соработка се дополнети и зајакнати и со сите активности досега во рамките на Отворен Балкан и на Берлинскиот процес, рече премиерот Димитар Ковачевски на меѓувладината седница со Албанија. Според него целта е регионален развој и побрза интеграција на единствениот европски пазар и во Европската Унија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ИНТЕРВЈУ
На крајот на ноември, Украина и светот ќе се потсетат на една мрачна епизода од историјата на човештвото – Гладоморот во Украина, што го спроведе Советскиот Сојуз 1932-1933 година. По тој повод, направивме едно тематско интервју со Амбасадорката на Украина, Лариса Дир. Неизбежна беше и паралелата со актуелната политика на Кремљ против Украина кој води брутална војна против цивилите и изврши илјадници воени злосторства по почетокот на агресијата од големи размери на 24 февруари оваа година.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Подигнато украинското знаме во Херсон Украинскиот претседател денес е во посета на украинскиот град Херсон, неодамна ослободен од руските окупатори, каде со интонирање на химната беше подигнато украинското знаме.
„Херојското“ повлекување на путиновата војска од Херсон низ карикатури „Херојското“ повлекување на руската војска од Херсон предизвика голем интерес и во светот на хуморот и сатирата. Бројни светски признати карикатуристи излегоа со свое „ видување“ на ситуацијата.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СУДСТВО ПРАВДА Советот на јавни обвинители го именува Ислам Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.
На денешната 70-та седница, Советот донесе и решение за мирување на функцијата на Абази како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, од каде доаѓа на функцијата шеф на ОЈО ГОКК.
ИНТЕГРАЦИИ Статистиката е од особено значење за целокупниот развој на нашата држава, придонесува кон добро планирање и мониторинг на макроекономската стабилност, подобрување на бизнис климата, функционирањето на пазарот на труд и финансиите, подобар квалитет на образованието, инфраструктурата, иновациите, односно за унапредување на економската интеграција во Европската Унија, посочи Абдиу- Халили на состанокот.
КУЛТУРА Филмот „Зад стоговите сено“ во режија на Асимина Проедроу, снимен во копродукција меѓу Северна Македонија, Грција и Германија доби специјална награда ( Special mention) и наградата Здружението на филмски критичари „Фипресци“ ( The International Federation of Film Critics) на 63. Солун филм фест што се одржа од 3 до 13 ноември.
СЛОБОДНА ЗОНА
Ако Мицкоски вели дека Ванчо Михајлов треба да се почитува, односно кога Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ бележи континуитет во ликот и делото на Ванчо Михајлов, за мене тоа значи идеологем и увертира во нови насилства; и уште значи дека тоа е вовед во нов „македонски Аушвиц“ по примерот на оној од 27 април 2017 година.