• Latest

Ковачевски на ПФД 2023: Северна Македонија и регионот припаѓаат во ЕУ, оваа историска шанса не треба да се испушти

June 16, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски на ПФД 2023: Северна Македонија и регионот припаѓаат во ЕУ, оваа историска шанса не треба да се испушти

June 16, 2023 12:46
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на сесијата: „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“, во рамките на Преспа форумот за дијалог, што се одржува во Струга, а на којшто присуствуваат претставници на високо политичко ниво од регионот и од Европската Унија, САД и НАТО.
„Политичката цел на Западен Балкан е полноправно членство во Европската Унија. Местото на сите држави од Западен Балкан е во ЕУ, а регионалните иницијативи се еден од начините на подобра соработка на патот кон полноправно членство во ЕУ. Сите држави од регионот практично сме на тој пат. Регионот денес го има потребниот лидерски потенцијал за носење на такви одлуки.И тоа што е неопходно сега – е ние да ги удвоиме напорите на секој план, но да ја добиеме и потребната поддршка од европските партнери, за да го забрзаме процесот на интеграцијата.

Ова го истакнувам од причина што никогаш појасни не биле пораките од нашите стратешки партнери од ЕУ – дека до 2030 година е можно проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и дека сега практично работата е на нас, како ќе ги движиме процесите во регионот.

Војната во Украина ја потсети Европа дека на географската површина на европскиот континент, постои геостратегиска празнина. Ние не треба да заборавиме дека војната во Украина се води на 700 километри од тука каде што денес седиме.

Државите од Западен Балкан, чиишто европски определби не се спорни. Но секоја од државите има различен капацитет на отпорност на недемократските тенденции што доаѓаат однадвор, главно поради различното темпо на демократизација внатре во самите општества.

Оваа геостратегиска празнина е отворена врата за ветриштата што веќе ја нишаат стабилноста на кревкиот Западен Балкан, но со тоа и на самата Европска Унија, чијашто цврстина очигледно е дека не е само во здружувањето на економски моќните држави, туку пред сè во обединувањето на сите држави – и големи и мали, коишто гравитираат на овој европски простор.

Ние не треба да заборавиме дека ЕУ има две граници, едната е надворешната граница на ЕУ и втората е внатрешната, а тоа е со земјите од Западен Балкан. Тоа е границата која што во иднина, до 2030 година сите заедно треба да направиме да не постои повеќе.

На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа ни се потребни единство и стабилност, за да можеме да зборуваме за поединечните и заедничките перспективи и ова е првото нешто што мора да се има предвид.

Ние работиме во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес, ги истакнуваме придобивките од формирањето заеднички регионален пазар, признавањето на дипломите, на работните дозволи, на олеснетите движења на луѓе, добра и услуги – но секогаш пред нас ќе ја имаме примарната цел – соединувањето во европското семејство на народи и држави.

Војната на европскиот континент го вклучи алармот дека само обединета Европа, заедно со Западен Балкан во неа – е стабилна и безбедна Европа. Сè друго е дел од решението, а не и самото решение, што е потребно за сите нас.

Во овој процес треба да се стимулира и поддржи затворањето на билатералните прашања, секаде каде што е тоа потребно. Затоа што, видовме дека соработката меѓу две држави е мотивација за поширока соработка, исто како што конфликтот меѓу две држави е тригер за пошироко недоразбирање, што го покажа со своите одрази руско-украинската војна.

Добро е што регионот, па и Европа го имаат Преспанскиот договор како добар модел за функционална демократија, којшто промовира решавање отворени прашања преку отворен дијалог меѓу страните.

Договорот од Преспа одговара и на загриженостите кај речиси сите држави кои имаат слични спорови што засегаат идентитетски прашања.

Затоа што е модел на дипломатија чиишто решенија не ги загрозуваат, туку напротив ги заштитуваат и зацврстуваат идентитетските определби, значајни за една држава и еден народ.

Од нашиот македонски пример, сакам да порачам на регионот дека е важно да се има храбро, но и стратешко лидерство, бидејќи тоа води кон очекуваните и посакувани перспективи.

Се покажа дека политичките решенија се и решенија за економијата, односно, дека тешките одлуки функционираат и за економијата во позитивен смер.

По Договорот од Преспа и почетокот на преговорите со ЕУ, минатата година, во најпредизвикувачката година по Втората Светска војна, Република Северна Македонија минатата година бележи  највисоко ниво на странски директни инвестиции и највисоко ниво на домашни инвестиции и највисоко ниво на поддршка на домашните компании за нов циклус на инвестирање. Платите значително порасна – минималната плата за над 100 проценти во однос на периодот пред 5 години, нивото на пензиите е зголемено за 40 до 50 проценти, за истиот период.

Ова секако е резултат на постигнатата стабилност дома, а се должи и на зајакнатата економска соработка во Западен Балкан, којашто е факт дека никогаш не била поголема од денес.

Но тоа се должи на одличните односи со најголемите економии во светот и во Европа како што е на пример германската економија и таа добра соработка беше вчера крунисана со резолуција на германскиот Бундестаг кој даде јасна и недвосмислена поддршка на интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ со заштитен идентитет, јазик и култура.

Поголемо признание дека политичките и економските односи одат рака под рака, бидејќи Германија е и наш најголем трговски партнер, од ова нема.

Сега доаѓаме до суштината на значењето на регионална соработка.

Со заеднички сили ја пребродивме, прво, здравствената криза, а потоа се справивме и со пикот на економско-енергетската криза во текот на зимата, што доведе до поскапување на енергијата, храната, суровините, влијаеше на инфлацијата и се закануваше на економиите.

Ако не ги имавме цврсто поставено темелите на меѓусебната доверба, преку иницијативата Отворен Балкан и Берлинскиот процес, сигурно ќе бевме во потешка ситуација од денес.

Но, со заедничкото делување, солидарност, поддршка, ги ублаживме последиците од овие наизменични кризи и нашата соработка покажува успех.

И ако некој сè уште се прашува како – одговорот е пред сите нас.

Државите во регионот имаат политички раководства кои одлучија да се ослободат од прангите на минатото, да гледаат кон иднината и да работат за неа: заедно и денес!

Берлинскиот процес е важен затоа што ги вклучува сите држави на Западен Балкан. Во рамките на овој процес потпишани се договори за взаемно признавање на универзитетските дипломи, што отвори нови работни можности и зголемени егзистенцијални можности за професионалниот кадар и граѓаните.

Иницијативата Отворен Балкан е оригинална идеја на Србија, Албанија и Северна Македонија. И резултатите од неа, се мерат со факти.

Извозот на Северна Македонија кон Србија изминатата година се зголеми за 50 проценти, а кон Албанија за 40 проценти. И нивниот извоз кон нашата земја се зголеми споредено со 2019 и 2020 година.

Со зелените ленти на граничните премини, транспортните камиони на Ќафасан и Табановце се движат со минимално време на чекање, со што сега транспортот на производите, односно и увозот е повеќекратно се зголеми.

Студија на СБ покажуваше дека транспортот на Балканот 70% поминува во чекање на граници, само 30% е во возење. Со воведување на зелените ленти, со укинувањето на нетарифните бариери, со олеснувањето на инспекциските надзори, навистина го забрзавме и транспортот и емпириски се покажа дека е зголемена трговијата меѓу нашите три држави.

Исто така, ако во минатото, за да можат граѓаните да работат во некоја од земјите на Отворен Балкан беше потребно да се најде работодавач, за да се аплицира за дозвола за престој врз основ на добиена работа и тие процедури на чекање траеја повеќе месеци, сега правото на пристап до пазарите на труд во трите држави е значително поедноставено.

Бројот на туристи, на пример, од Србија – во нашата држава, во 2022 година, во однос на 2021 година е зголемен за дури 500 проценти.

Ова е уште една потврда дека одличните односи меѓу Србија и Северна Македонија влијаат врз размена на луѓе, особено на зголемување на туристичкиот потенцијал и размена.

Економските пазари на нашите држави поединечно, се мали пазари, поради што ја унапредуваме иницијативата за заеднички регионален пазар. Исто така имаме иницијатива и за заедничко привлекување на странски директни инвестиции од поразвиените држави. Со тоа обезбедуваме поголема конкурентност на европскиот пазар и стануваме попривлечни истите.

Пошироко во регионални рамки, со Грција и со Албанија, веќе градиме стабилни врски за транспорт на енергија. Започнати се процедурите за изградба на нов гасовод меѓу Северна Македонија и Грција што ќе биде поврзан со ЛНГ терминалите во Грција, меѓутоа и со другите гасоводи кои водат низ нашата соседна држава. Исто така во Албанија се водат дискусии за отворање на нов терминал којшто потоа пак ќе биде поврзан на овие интерконектори кои ќе поминуваат низ Северна Македонија.

Спроведуваме и јасен план за изградба на патната инфраструктура – и кон истокот и кон западот. Коридор 8, веќе стана дел од трансевропските коридори, заедно со Коридорот 10.

Градиме нов автопат кон Албанија.

Градиме и експресен пат кон Бугарија како и железница кон Бугарија.

Коридорот 8 е навистина значаен за Република Северна Македонија, затоа што покрај пристапот до пристаништето во Солун како што  беше единствено можно досега, добиваме пристап и до пристаништата во Драч, Албанија и Бургас, Бугарија.

Со тоа, ние сме, географски,  центарот на Балканот и со вложувањата во инфраструктурата, јас кажувам од обиколница, државата ќе стане како вистинска раскрсница на транспортни коридори на Балканот.

Ова ќе биде огромен инпут во развојот на економијата и стандардот на граѓаните.

Нека биде ова доволен вовед во дебатата што следува во рамките на оваа сесија, на којашто ќе ги слушнеме искуствата и од нашите соседи и регионални пријатели бидејќи сите заедно сме тука на вистинскиот пат на развојот, на развојот и интензивирањето на регионалната соработка.

Вистинската регионална соработка го одржува регионот стабилен.

На нас е  да носиме одлуки со изострен фокус, што нè носат во Европската Унија, бидејќи предизвиците како што и вчера кажав се можности, а како што реков, нашите неповторливи шанси се токму денес, порача Ковачевски.

Tags: КовачевскиПФД 2023Струга
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ