• Latest

Ковачевски: Нема потреба од лидерска средба, а процесот на уставни измени е структуриран

April 5, 2023
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Нема потреба од лидерска средба, а процесот на уставни измени е структуриран

April 5, 2023 13:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на уставни измени е структуриран процес согласно закон и согласно Устав, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за хрватскиот модел за уставни измени.

Ковачевски беше дециден дека не може да каже што е прифатливо, а што не е прифатливо за него туку дека тој е за тоа работната група во Министерството за правда да изработи предлог којшто одговара на македонското општество, на нашите закони и на она што ние го очекуваме од нашата иднина како идна земја – членка на ЕУ. Премиерот го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба бидејќи ставовите на политичките партии се веќе познати.

-Јас не кажав што е прифатливо, што не е прифатливо, кажав дека прво работи работна група во рамки на Министерството за правда во којашто членуваат експерти и во која веќе се поканети претставници на политичките партии застапени во Парламентот и којашто ќе треба врз основа на најдобрите искуства да изработат предлог којшто треба да биде ставен на расправа. И кажав дека има политички партии кои што зборуваат за еден модел, па има политички партии кои зборуваат за друг модел на амандмани, трети зборуваат за трети. Вие кажавте за хрватски, излезе друга политичка партија кажа за швајцарски модел, трета излезе за белгиски модел да зборува и затоа треба да се седне на експертско ниво и да се изработи предлог којшто одговара на македонското општество и којшто одговара на нашите закони и на она што ние го очекуваме од нашата иднина како идна земја членка на Европската унија. Јас не кажав ниту дека сум за нешто за, ниту дали сум за нешто против, рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој, како што кажа, е за тоа да се донесат уставни измени со коишто ќе ги отвориме кластерите после ноември и до 2030 година ќе станеме земја – членка на ЕУ со заштитен македонски јазик, со македонски идентитет и со македонска култура што ќе ја збогати културата на ЕУ и на сите европски народи.

Во однос на прашањето за лидерска средба, Ковачевски рече дека ваква средба имаше во декември кога беа повикани сите лидери на парламентарните партии на која се разговараше за најважните прашања стратешки за државата.

-Покрај прашањата за енергетската криза, ги информирав претседателите на политичките партии и беше така како што им кажав – немавме ниту рестрикции на струја, ниту ценовен шок, обезбедивме антикризни мерки за граѓаните итн. Второто главно прашање беше усогласувањето во однос на потребата за уставни измени со цел продолжување на европските интеграции согласно со усвоената преговарачка рамка од страна на Собранието со мнозинство гласови. На таа лидерска средба сите лидери на партии се сложија за потребата од носење на уставните измени, освен еден којшто ќутеше и двајца којшто не дојдоа. Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба со оглед на тоа дека веќе ставовите се познати,

Според него, лидерска средба не е институционален формат на носење конкретни решенија, туку тоа е формат на којшто секој ги кажува своите политички ставови во однос на одредено прашање и политичките ставови ние таму како политичари, претседатели на парламентарни политички партии ги слушнавме.

-Во однос на тоа да се води дебата за уставните измени, таа дебата е структурирана повторувам уште еднаш, значи уставни измени дебата не се води на телевизија, не се води кога се пуштаат градежни работи на канализациски цевки во одредени општини. Уставни измени, дебата се води во експертска работна група каде секоја политичка партија делегира свои претставници и каде што врз основа на уставно право и врз основа на она што е пропишано се дефинираат амандмани кои потоа се ставаат на јавна расправа, рече Ковачевски.

Потоа, продолжи тој, процесот се сели на јавна расправа во општеството како што кажав и влегува во собраниска процедура каде јас верувам дека ние имаме и демократски и визионерски и стратешки капацитет како држава да ги спроведеме овие одлуки и да ги отвориме кластерите по успешно завршување на скрининг фазата во преговорите која што е во тек и за која што сите од Брисел информираат дека се одвива со најдобар ритам и на најдобар начин и дека до 2030 година Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ.

-Тоа е процесот, тоа е начинот на којшто се носат уставни измени во држава како што е Северна Македонија, држава членка на НАТО, држава која што има отворено преговори со ЕУ, рече премиерот.

Одговарајќи на прашање на хрватските новинари Ковачевски рече дека во делот на интеграциите и иницијативите во кои членува Северна Македонија, ние сме земја членка на НАТО, земја со стопроценти усогласена меѓународна политика со ЕУ од првиот ден на воената агресија на Русија врз Украина, потоа дел од Берлинскиот процес, во нашето МНР се депонирани договорите потпишани помеѓу земјите – членки на Берлинскиот процес, односно земјите од Западниот Балкан, дел сме од АРСИСИ и од РИКО. 

-Меѓутоа, исто така сме дел и од една иницијатива која што е значајна за регионално поврзување на три соседни држави Србија, Албанија и Северна Македонија „Отворен Балкан“ која што е иницијатива и која што се базира исклучиво на економски претпоставки односно на четирите слободи на Европа – слободно движење на луѓе, роба, капитал и услуги. Ги тргаме нетарифните бариери помеѓу државите, овозможуваме побрз проток на работниците без работни дозволи, на стока, веќе е зголемена за 25 проценти трговијата на државата, а сите други состаноци коишто се држат се од неформален карактер како што беше во делот за кој што прашавте во однос на усогласеноста со надворешната политика на ЕУ. Меѓутоа факт е дека – да, ние сме држава која што сто проценти ја има усогласено својата политика со надворешната политика на ЕУ и како земја членка на НАТО е сто проценти усогласена во делот на поддршка на украинскиот народ во нивната борба за слобода, рече Ковачевски. 

Tags: Ковачевскилидерска средбауставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ