• Latest

Ковачевски: Постапката за уставни измени ќе почне кога ќе имаме широк општествен и политички консензус

December 23, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Постапката за уставни измени ќе почне кога ќе имаме широк општествен и политички консензус

December 23, 2022 13:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментот кога ќе имаме широк општествен и политички консензус по истото тогаш ќе може да се најде во Собранието, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали веднаш по новогодишните празници ќе почне постапката за уставни измени, како што посочи претседателот Стево Пендаровски и други членови на Владата.

-Претседателот Пендаровски имаше и во своето обраќање пред Собранието во новогодишното обраќање, тоа и јас сум го истакнувал за сите разумни политичари во оваа држава дека уставните измени со коишто се овозможува продолжување на европскиот пат на државата и кое што е една од одлуките на патот до полноправно членство треба да биде наднационално и надполитичко прашање кое што овозможува подобра иднина за сите граѓани на сегашнава и на идните генерации. Тоа прашање секако дека ќе се најде во Собранието. Нормално дека ќе му претходат политички консултации, ќе има претходно и стручна расправа со оглед на тоа дека се работи за уставни измени и во моментот кога ќе имаме широк општествен и политички консензус по истото тогаш ќе може да се најде во Собранието, рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека никогаш не се врзува со датуми туку со цел, а тоа е Северна Македонија до 2030 година да стане членка на ЕУ.

-Јас знаете дека никогаш дури и кога конечно после 17 години започнавме преговори со ЕУ на сите ваши прашања коишто ги поставувавте во шестмесечниот период на преговори којшто го имавме и со ЕУ и со соседна Бугарија никогаш не се врзував со датуми, туку се врзував со цел бидејќи ние имаме многу јасна цел, а тоа е Северна Македонија до 2030 година да стане земја членка на ЕУ. Треба да веруваме во таа цел и да работиме истата да се оствари и тоа важи за сите политичари во државата и за сите претставници на граѓаните – пратениците во Собранието, рече Ковачевски по посетата на компанија во Скопје, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Фото: миа.мк

Tags: КовачевскиСтево ПендаровскиУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ