Денес е денот кога се одбележува 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и би сакал да ја искористам оваа можност да упатам честитки и да изразам задоволство од нашето заедништво, нашата сплотеност и желба за соживот и меѓусебна толеранција.
Докажавме дека само така, една мултиетничка и мултикултурна држава може да биде успешна, економски напредна и просперитетна за своите граѓани, порача премиерот Ковачевски во говорот по потпишувањето на договорот за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. во ТИРЗ Тетово.