• Latest

Ковачевски: Украина ја брани демократијата, слободата, еднаквоста, човековото достоинство, правото на самоопределување и независност во одлуките

February 27, 2024

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Ковачевски: Украина ја брани демократијата, слободата, еднаквоста, човековото достоинство, правото на самоопределување и независност во одлуките

February 27, 2024 14:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа две години од почетокот на  неоправданата и неиспровоцираната руска агресија врз пријателска Украина. Две години, оваа агресија не само што предизвикува големо човечко страдање, туку е и флагрантно кршење на меѓународното прав, и е закана за безбедноста  и просперитетот на цела Европа, изјави поранешниот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во видео порака упатена по повод двегодишнината од целосната руска инвазија врз Украина, а во контекст на станите што ги организираат  Украинската амбасада во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Две години, Украина не само што се брани себеси и својот народ, Украина ја брани и демократијата, слободата, еднаквоста, човековото достоинство, правото на самоопределување  и независност во одлуките.

Сите ние, сме неизмерно благодарни и изразуваме длабока почит за вашата храброст и истрајност. Имаме само осуда за руската агресија врз Украина, и даваме безрезервна поддршка за вашиот отпор против неправдата и злото кои ви се нанесуваат.

Се боревме сите заедно и во Втората светска војна, за истите вредности за кои се борите вие денес. Не верувавме дека ќе треба тоа да го правиме 70 години подоцна, но можеме гордо да застанеме, и да кажеме дека сме повторно заедно на вистинската страна на историјата.

Северна Македонија од првиот ден, стои цврсто покрај Украина, и така и ќе продолжи. Слободата да се избира и одлучува самостојно, и за добробит на своите граѓани е врвен приоритет, и вие, и сега и засекогаш ќе ја имате нашата поддршка за истото.

Секоја земја треба да има шанса да го направи она што го направи Северна Македонија, самостојно да го одбере патот на евроинтеграциите, и на членството во НАТО, и да обезбеди подобра иднина за своите граѓани.

Нашата поддршка ќе трае колку што е потребно, нема да отстапиме ни милиметар од заложбите да помогнеме најмногу што можеме. Вашата кауза е праведна, и заслужува и почит и поддршка.

Мирот мора да се врати во Украина, на агресијата мора да и се види крајот. Веднаш, сега.

Украина и гордиот и храбар  украински народ заслужуваат да се слободни. Заслужуваат да имаат демократска земја, која стои рамо до рамо со своите пријатели во Европа. Заслужуваат земја која дели заедничка иднина со Европската Унија, и ги дели вредностите на меѓународните сојузи во кои се определила да членува.

Нашата поддршка на тој пат ќе остане силна и недвосмислена. Украина има пријател во Северна Македонија. Вашата храброст е наш поттик за секојдневно на сите полиња да помагаме оваа неразумна војна да престане и мирот да се врати дома кај вас. Немам дилема дека од ова, вие, драги пријатели Украинци, ќе излезете победници, и дека сите заедно повторно ќе ги славиме демократските вредности на слобода, еднаквост и правда.“

Д. Тахири

Монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ