Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за стравотниот земјотрес што утрово ја погоди југоисточна Туркије.
„Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите. Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Recep Tayyip Erdoğan за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените“, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.
Претходно и претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган по разораниот земјотрес која ја погоди земјата утринава.
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и во Туркије во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Се очекува бројот на загинати да се зголемува.