• Latest

Ковачевски: Во европската заедница бевме истакнати како пример за спроведување на зелената агенда

June 1, 2023

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Во европската заедница бевме истакнати како пример за спроведување на зелената агенда

June 1, 2023 20:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија кажа дека на вториот состанок на Европската политичка заедница во Молдавија биле сумирани резултатите по заклучоците од првиот состанок кој се одржа во Прага.

-Ние сме позитивен пример на спроведување на она што се договоривме, за една година ние имаме зголемено производство на обновливи извори на енергија, за една година имаме над 200 мегавати обновливи извори на енергија, за една година го зголемивме капацитетот на постојниот гасовод со Бугарија при што овозможивме либерализација на пазарот и ја намаливме зависноста на руски гас. Веќе направивме закуп на количини на ЛНГ гас во новиот ЛНГ терминал во Александрополи и подготвена е документацијата за изградба на нов гасовод, односно интерконтектор со Грција и веќе се подготвува документација за продолжување на тој интерконектор кон Србија и кон централно европските држави. Со тоа бевме истакнати како пример кој ја спроведува зелената агенда меѓутоа и стратешките процеси на поврзување, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека се зборувало и за продолжување на процесот на поврзување на регионот и цела Европа во делот на снабдувањето со електрична енергија, производството на електрична енергија и од обновливи извори на енергија меѓутоа и со производство на нови капацитети за производство на електрична енергија на гас и за телекомуникациско поврзување.

-Се договоривме во делот на продолжување на активностите за изградба на електро енергетската мрежа и во нашиот регион каде што ние сме практично централната земја, беше поздравена изградбата на коридорот 8 бидејќи е тој веќе дел од трансевропските коридори од страна на сите држави, инвестицијата која ја правиме, која кај нас опозицијата изнесе низа на лаги, шпекулации се со цел да бидат против, меѓутоа тоа е проект кој ќе биде направен и кој и потребен и на Европа со оглед на тоа да ги поврзува пристаништата од Бургас преку Скопје, до Драч и до Италија, потенцира Ковачевски.

Tags: гасоводДимитар Ковачевскиобновливи извори на енергија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ