Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на Првата меѓувладина конференција во Советот на Европската Унија изјави дека во овој голем ден за Република Северна Македонија е вграден трудот на голем број лидери на земјата, но и трудот и работата на сите граѓани.
,,После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија денес ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во овој голем ден вградена е работата, трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност. Вграден е трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри на државата. Сите вработени во институциите кои работеа на подготовки на Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите.