• Latest

Ковачевски: Во ребалансот има 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал и рекордна сума за активни мерки за вработување

June 22, 2021
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Во ребалансот има 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал и рекордна сума за активни мерки за вработување

June 22, 2021 11:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата го препознава човечкиот капитал како приоритет и издвојува значајни средства за инвестиции во него. Со предложениот ребаланс на буџет се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на пред три години години е повеќе за над половина милијарда евра“, посочи заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на конференцијата „Високото образование и бизнисот – заеднички предизвици и приоритети“, во организација на Стопанската комора и Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

Заменик-министерот за финансии Ковачевски посочи дека заедничките предизвици на високото образование и стопанство ќе бидат адекватноста на кадрите со побарувачката на пазарот на труд и поголема инклузија на експертизата на високонаучните институции за надминување на проблеми и креирање на додадена вредност.

„По Ковид-19 кризата, креирање на соодветна понуда согласно побарувачката на пазарот на труд, ќе стане уште поголем предизвик. Новата нормала условува постепено згаснување на одредени професии, додека истовремено креирање на поголема побарувачка за други профили. Изминатите години Владата покажа силна заложба за подобро кореспондирање на понудата и побарувачката на пазарот на труд. Оттаму, средствата за активните мерки издвоени од државниот буџет изминатите години неколкукратно се зголемени. Годинава, како одговор на Ковид-19 ефектите, со предложениот ребаланс ги зголемуваме средствата за активни мерки за вработување, од 1,3 милијарди денари на историски највисоки досега 1,66 милијарди денари или 27 милиони евра. За споредба, во 2016 година од буџетот биле издвоени само 530 милиони денари за активни мерки или трикратно пониски“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека Covid-19 кризата беше и се уште е глобална закана за акумулацијата на човечки капитал.

„Изминатите неколку години Владата настојуваше со секој буџет да издвојува повеќе средства за образование, за здравство и за социјална грижа. Така, со предложениот ребаланс за областа образование издвојуваме 28,6 милијарди денари или за 3 милијарди повеќе во однос на буџетот во 2018 година, за здравство 46,7 милијарди денари или 14 милијарди повеќе во однос на 2018 година и за социјална грижа 91,8 милијарди денари или 16,6 милијарди денари повеќе во однос од пред три години. Значи, за само три години има зголемување во инвестициите во човечки капитал од над 30 милијарди денари или над половина милијарда евра. Зборуваме за 2,7 милијарди евра инвестиции во човечки капитал на годишно ниво“, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека партнерствата меѓу универзитетите и бизнис-заедницата ќе бидат од витално значење при обновата на економиите по пандемијата, односно рестартирање на економијата на знаење, како и дека се почесто има примери на стратешки партнерства помеѓу мултинационални корпорации и универзитети.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ