Во последните 24 часа направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г) – сите починати во болнички услови, извести Министерството за здравство.
Од новите случаи, 91 се регистрирани во Скопје, следуваат Кавадарци со 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2, Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1 случај.
Досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859.