Нови 525 случаи на КОВИД-19 од 3858 направени тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Пријавени се 18 починати лица, од кои 12 во изминатото деноноќие, а шест со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. Во новиот билтен се евидентирани и 449 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.
Од новодијагностицираните, 268 се во Скопје, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – девет, Гевгелија има шест нови случаи, Струга – пет, Тетово и Радовиш – по четири, Неготино – три, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово по два и по еден новозаразен со коронавирус имаат Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица – тројца од Скопје (82г, 83г и 87г), по две починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица, со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. По двајца од овие починати се од Тетово и Куманово и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56 до 84 години и од нив само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите пет во домашни услови.
Министертството за здравство информира дека се регистрирани 449 оздравени пациенти – од Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани имаат по девет оздравени, Прилеп, Тетово и Радовиш по седум, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен по пет, Богданци – четворица, Кратово и Виница по двајца и по еден оздравен имаат Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Епидемиолошки анализи на заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 82 180, Активни 5714; Куманово 11198, Активни 937; Тетово 10781, Активни 951; Прилеп 8973, Активни 297; Гостивар 7945, Активни 497; Битола 7012, Активни 271; Велес 6114, Активни 311; Охрид 5880, Активни 491; Кавадарци 5809, Активни 213; Струмица 5670, Активни 322; Штип 5636, Активни 246; Кичево 3917, Активни 411; Струга 3773, Активни 364; Кочани 3178, Активни 133; Гевгелија 2382, Активни 81; Неготино 2304, Активни 45; Свети Николе 1862, Активни 117; Ресен 1524, Активни 104; Радовиш 1496, Активни 109; Дебар 1445, Активни 123; Крива Паланка 1388, Активни 78; Берово 1205, Активни 35; Делчево 1113, Активни 66; Виница 1018, Активни 51; Пробиштип 904, Активни 45; Валандово 802, Активни 36; Богданци 544, Активни 12; Кратово 543, Активни 51; Крушево 518, Активни 14; Македонски Брод 463 31; Демир Хисар 431, Активни 19; Демир Капија 408, Активни 6; Пехчево 310, Активни 6; Македонска Каменица 294, Активни 19; Дојран 139, Активни 1.
Од почетокот на епидемијата во земјава бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна 189159 од 1 269 370 тестирања. Оздравеле 170 395, починати се 6557 луѓе, а активни случаи има 12 207